Македонија
Груевски: СДСМ да се запраша зошто нападна лице во Собранието
Нападот врз човек е прекршување на законот смета премиерот Груевски, во врска со инцидентот во Собранието на Македонија, што се случи минатата недела, кога дојде до судир меѓу пратеници од опозицијата и припадник на обезбедувањето.
Нападот врз човек е прекршување на законот смета премиерот Груевски, во врска со инцидентот во Собранието на Македонија, што се случи минатата недела, кога дојде до судир меѓу пратеници од опозицијата и припадник на обезбедувањето.
„Во Собранието видов луѓе кои нападнаа лице бидејќи не знаеле дека е службеник, лицето може да е случаен граѓанин, член на СДСМ, новинар мене многу ми е чудно тоа дали имате право да нападнете некое лице“, рече премиерот.
Во врска со посетата на лидерот на опозиционата СДСМ на Брисел, премиерот Груевски рече дека многу му е жал за господинот Бранко Црвенковски што за својата земја во друга држава одговори спротивно на изјавата на Летерм за судските реформи кој посочи дека секоја држава може да и завиди на Македонија за напредокот во реформите.
„Тоа е дел од неговиот карактер и начин на делување, од друга страна мило ми е дека претседавачот на Европската Унија даде јавно признание за реформите кои владата ги прави“, изјави премиерот на презентацијата на Централниот регистар за подобрување на бизнис климата, можност за регистрирање на фирми без физичко присуство./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

