Македонија
Тодоров: Уцената за свидетелства е неприфатлива
Уцената за добивање на свидетелства е неприфатлива, предупреди денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров по поплаките од родители на ученици од средните училишта во Прилеп кои тврделе дека од нивните деца било барано да платат одредена оштета, доколку сакаат да добијат свидетелства.
Уцената за добивање на свидетелства е неприфатлива, предупреди денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров по поплаките од родители на ученици од средните училишта во Прилеп кои тврделе дека од нивните деца било барано да платат одредена оштета, доколку сакаат да добијат свидетелства. „Денеска на терен е Државниот просветен инспекторат и најстрого ќе ги санкционира овие дејствувања од страна на директорите. Неколку пати до сега изјавив дека ова е законски забрането и дека еден директор не смее да превзема вакви активности односно да го условува давањето на свидетелството кое е јавен документ, што е право на секој ученик, со било каков надомест на штета или било какво давање или превземање на определени обврски од страна на учениците или од страна на нивните родители,“ рече Тодоров. Коментирајќи ја отштетата која се бара да биде платена од учениците, Министерот потенцираше дека „објективизирањето на одговорноста исто така не е дозволено, и секоја одговорност треба да се персонализира, да се открие виновникот и против него да биде упатено евентуално тужбено барање“. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

