Македонија
Повлечени покани за сведочење на Бучковски и Бендевска
Опозицијата обвинува дека поканите за информативен разговор, кои вчера биле испратени до пратениците од СДСМ, Владо Бучковски и Весна Бендевска исчезнале во рок од два часа.
Опозицијата обвинува дека поканите за информативен разговор, кои вчера биле испратени до пратениците од СДСМ, Владо Бучковски и Весна Бендевска исчезнале во рок од два часа.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вели дека не може да каже што се случува со дописите во другите институции.
СДСМ денеска ги побарале поканите во собраниската архива, но како што изјави портпаролот на партијата, Емилијан Станковиќ, од таму им било соопштено дека поканите се повлечени и во Деловната книга на Собранието виделе дека е бришено со коректор.
„Очигледно овде се прават некакви фалсификати и за тоа мора некој да одговара“, изјави Станковиќ.
Јанкулоска пак вели дека МВР комуницира со институции, а не се поединци.
„Јас не можам да кажам што се случува со дописите што се во други институции, меѓутоа МВР комуницира со институции, а не се поединци. Ние ќе продолжиме да комуницираме по институционален пат во функција на документирање на инцидентот што се случи во Собранието“ изјави Јанкулоска.
Минатата недела дел од пратениците од опозицијата се судрија со член од обезбедувањето на собранието.
Двете партии и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ побараа да се формира Анкетна комисија за расветлување на случајот, но разврска се уште нема.
За сабота е свикана вонредна седница на Парламентот за разрешување на собранискиот спикер, Трајко Велјановски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилско осигурување
Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилска одговорност што секој сопственик на моторно возило задолжително мора да ја плати при регистрирање на возилото, соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата.
„Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување (картел) помеѓу десет осигурителни компании (ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, АД МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП, САВА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, ЕУРОЛИНК АД СКОПЈЕ, ГРАВЕ АД СКОПЈЕ, УНИКА АД СКОПЈЕ, АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ, ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ И КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ) на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност (АО), кое секој сопственик на моторно возило задолжително мора да го плати при регистрирање на возилото“, се наведува во соопштението.
Во постапката било утврдено дека осигурителните компании во периодот 01.03.2024 – 07.05.2024 година, разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.
Таквото однесување, појаснуваат од Комисијата, претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.
„Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането. Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече прекршочни санкции – глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари“, соопшти Комисијата.
Македонија
Андоновски на МАСИТ: Владата е партнер на приватниот сектор, да ја изградиме најмодерната дигитална администрација во регионот
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на 20. годишната конференција по повод 25 години МАСИТ. Андоновски во своето oбраќање на една од дискусиите истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку системска промена која го подобрува начинот на кој институциите работат и комуницираат со граѓаните и бизнисите.
„Веруваме во силата на домашните ИКТ компании. Затоа им даваме простор да бидат носители на проекти, пристап до инфраструктура преку Везилка AI и можности за иновации и развој преку ЕДИХ INNOFEIT. Нашата цел е едноставна: технологија создадена во Македонија да стане технологија што ја користи регионот и Европа“, изјави министерот.
Во изјава за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приватниот сектор и појасни дека соработката меѓу Владата и компаниите ја гради дигиталната трансформација на државата.
„Ја испратив пораката дека потребно е заедно да соработуваме, Владата уште во минатото одлучила да се потпре на приватниот сектор во дигитализацијата и дигиталната трансформација на општеството, а сега треба заедно да градиме проекти кои ќе значат реализација во државата, но и на извоз на овие продукти во Европа. Мислам дека имаме одлични кадри кои излегуваат од универзитети, сега е шансата тие да ги искористиме во приватниот сектор, а да и помогнат и на државата’’, соопшти Андоновски.
Македонија
Oтстранети 𝟣𝟧𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии и изготвени 𝟣𝟩𝟫 записници за правилно одлагање на отпадот во текот на ноември
Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – заштита на животната средина и јавното здравје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и додаваат дека во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември.



