Македонија
За три часа украдени три паричници
За три часа во текот на вчерашниот ден биле украдени три паричници во клиники низ Скопје, соопшти МВР.
За три часа во текот на вчерашниот ден биле украдени три паричници во клиники низ Скопје, соопшти МВР.
Првата кражба се случила околу 9:30 часот во Поликлиниката „Бит Пазар“, кога непознат сторител украл женска чанта во која имало паричник и лични документи.
Втората кражба била пријавена во полициската станица Центар. Шеесет и двегодишна скопјанка пријавила дека околу 10:30 часот во Клинички центар на одделот за пластична хирургија, непознат крадец и го украл паричникот од нејзината чанта, во кој имало 300 денари и лични документи.
По час и половина на клиниката бил украден уште еден паричник, овој пат во клиниката за неврохирургија. Арамијата го украл паричникот од пластична кеса, а во него имало 150 евра,10.000 денари и лични документи.
Во трите случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, но не соопштуваат дали можеби се работи за ист крадец. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наставници од Кисела Вода се обучуваат за изведување на часови по шах
Шахот станува сè поприсутен во воспитно-образовниот процес, а растечкиот интерес кај учениците ја зголемува потребата наставниците да бидат соодветно обучени за негово реализирање во рамки на наставата. Во таа насока, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа обука за наставници од основните училишта на територијата на општината.
Обуката ја организира Шаховскиот сојуз на Град Скопје, кој во континуитет работи на развојот и интеграцијата на шахот во основното образование. Како дел од соработката, Шаховскиот сојуз донираше и по два шаха за сите основни училишта во општината.
Со текот на активностите и методолошкиот пристап што наставниците ќе го применуваат во наставата се запозна и градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, која присуствуваше на дел од обуката.
-Како општина, даваме силна поддршка на сите процеси што го унапредуваат образованието и создаваат вредности кај најмладите. Шахот е предмет кој развива концентрација, аналитичко размислување и дисциплина, вештини што им се важни на учениците. Оваа обука им овозможува на наставниците професионално да се подготват и да го пренесат знаењето на квалитетен и структуриран начин. Верувам дека со ваквите програми ќе продолжиме да градиме посилен образовен систем во нашата општина- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
-Обуката е важна и задолжителна, бидејќи наставниците стекнатите знаења ќе ги имплементираат во изборниот предмет Шах, во рамките на наставата. Шахот веќе три години се имплементира како изборен предмет. Од прво до трето одделение е воспоставен како слободна ученичка активност, а во четврто и петто како изборен предмет. Наставниците што ќе ја завршат обуката добиваат сертификат со кој можат да држат часови по шах- изјави Ѓорѓи Миновски, претседател на Шаховскиот сојуз на Град Скопје.
Македонија
Димитров: Најголем безбедносен ризик за граѓаните од регионот е корупцијата
Не надворешни закани, туку лошо владеење, тоа е најголемата закана за граѓаните од регионот и тоа го видовме со трагедиите во Нови Сад, Кочани, Тузла, но и во Грција со железничката несреќа, оти очигледно и земјите членки не се имуни на корупција”, порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на Белградската безбедносна конференција.
„Имаме сѐ помалку демократија и сѐ помалку принципиелни актери на глобалната сцена”, кажа Димитров зборувајќи денеска во Белград на панел дискусијата “Изгубени во геополитиката? Пост – југословенски погледи на безбедноста, суверенитетот и иднината на Европа”.
„Ако ги прашате борците за демократија, за човекови права, владеење на лесното и медиумски слободи, кои им се најголеми сојузници верувам дека полесно ќе одговореа на ова прашање пред 10 години. Нашите природни сојузници за демократски процеси веќе не се очигледни”, оцени Димитров анализирајќи ги слабостите на вредносниот систем на Западниот свет.
Зборувајќи за најголемите закани за балканските граѓани денес, тој истакна дека недостигот на добро владеење е безбедносен ризик број еден во сите наши земји:
„Видовме со трагедијата во Нови Сад, видовме и во мојата земја, со страшниот пожар во Кочани, неодамна видовме и во Тузла, ама видовме и во Грција со големата железничка несреќа, оти очигледно и земјите членки не се имуни. Неказнивноста, корупцијата и лошото владеење се најголем ризик”.
Дали сме Македонци и дали ни е јазикот македонски не е дебата за овој век и за овој континент.
Во однос на надворешните фактори, Димитров ја цитираше анкетата на ИРИ од минатата година, каде македонските граѓани оценуваат дека за нас најголема закана е Бугарија, додека Грција после Преспанскиот договор падна на шесто место.
“Го решивме проблемот, инвестиравме огромен политички капитал и кога мислевме дека конечно ќе се занимаваме со реформи, ние бевме пак блокирани и тоа од Франција прво. Тоа вето од Франција го поплочи патот за ново вето од Бугарија, за прашања што не се поврзани со вистинските критериуми. Дали сме ние Македонци и дали зборуваме македонски јазик – ова не е се дебати од овој век и не се дебати за овој континент!”, порача Димитров.
Тој заклучи дека имаме сите за растење и ние како регион и самата ЕУ:
“Треба да учиме од балтичките земји како да соработуваме и како да си помагаме. Точно е дека сега има едем прозорец, поттикнат од војната во Украина и дополнително од предизвиците во трансатлантските релации и нам како Европејци мора да ни стане јасно дека ЕУ мора повеќе сама да се грижи за себе”.
На панел дискусијата заедно со Димитров беа и Петра Ротер, професорка по меѓународни односи од Љубљана, Неџма Џановиќ Мирашчија, професорка по политички науки од Сараево и Вук Вуксановиќ, од Белградскиот центар за безбедносни политики.
Македонија
(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња
Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане.
„На 19.11.2025 година, во 7.35 часот, по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с. Стрновац, општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ Старо Нагоричане интервенира со едно возило и двајца пожарникари“, објави Територијалната противпожарна единица.


Од таму апелираат граѓаните на општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на реката Пчиња во општина Старо Нагоричане, а доколку се здогледа лице во опасност поради временските услови, да се јават на телефонските броеви: 031 495 666 или на 112 и на 193.

ЦУК – Куманово, пак, извести дека е добиена информација оти на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бањата „Стрновац“, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за 20-ина сантиметри.

Во моментот излевањето не зафаќа куќи или викендици.
Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање поголема количина дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња. За состојбата е навремено известено „Водостопанство“ – Куманово, кое ќе постапи во согласност со своите надлежности.

