Македонија
Ромите се степале поради девојка
Инцидентот на базенот Плаја Виста под Кале на изборот за ромска убавица, доцна синоќа се случил поради девојка, соопшти МВР.
Инцидентот на базенот Плаја Виста под Кале на изборот за ромска убавица, доцна синоќа се случил поради девојка, соопшти МВР.
Еден од групата која учествувала во инцидентот, дошол на базенот заедно со неговиот братучед за да ја земе сестра му, која наводно била малтретирана од припадник на другата група. Веднаш биле нападнати од припадниците на другата спротивставена група.
Еден член од обезбедувањето на базенот, кој се обидувал да ги раздели е полесно повреден.
Двете групи гаѓале со камења и по обезбедувањето, а подоцна и кон полицијата, која за да ги раздвои двете групи испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух. Двете групи избегале, а полицијата се уште трага по нив. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за животна средина: До почист воздух само со конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни во исполнување на обврските
Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“.
Имено, пред почетокот на грејната сезона на предлог на МЖСПП, Владата го усвои овој Акциски план во кој се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации, што ги надминуваат пропишаните стандарди, велат од Министерството за животна средина.
Согласно Акцискиот план, Министерството за животна средина потсетува:
– Општинските инспекциски служби да ги засилат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати и позасилена контрола, казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи особено во мали сервиси и погони.
– Општините и Градот Скопје со општините дека согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“ имаат обврска да подготват и усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина/град одделно и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање.
– Јавните претпријатија за комунална хигиена на Општините и Градот Скопје за редовно чистење на атмосферските и миење на улици и тротоари
– Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата
– Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија и труд и Станиците за технички преглед да ги засилат вонредните контроли на станиците за технички преглед на возила, со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисија на издувни гасови, а Министерство за внатрешни работи, односно Сообраќајната полиција да спроведе вонредни контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила и отстранување на возила од сообраќајот кои се нерегистрирани или чии емисии на издувни гасови не задоволуваат пропишаните стандарди
– Граѓаните што ги затоплуваат домите со огревно дрво правилно да го користат, да не употребуваат пластика, гума, обработено дрво и отпадни материјали во интерес на сопственото здравје и здравјето на другите.
„Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита.
Според Извештаите од Државниот инспекторат за животна средина, на територија на град Скопје се поминати со вонредни надзори сите субјекти, продолжуваме со ненајавени контроли кај субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина.
На цементарница УСЈЕ се направени два вонредни ненајавени надзори: еден по 19 часот и еден во работно време. Направена е и контрола на отпад кој влегува во цеметара УСЈЕ. Досега нема отстапувања во параметрите кои се зададени во А дозволата.
Во Струмица согласно добиените известувања за надминување на прагот за алармирање, вонредни надзори на три субјекти се направени на 02.01.2025 година, еден субјект е задолжен со решение и на уште два субјекта се прават денес 08.01.2025 година.
Се известува јавноста дека поголем дел од големите капацитети кои имаат А интегрирана еколошка дозвола на територија на град Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет. Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и Патишта, Радком, Филип инженеринг Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна База Вато Доо Студеничани Скопје. Во Цементарница УСЈЕ АД Скопје работи само една печка (печка 3), а за 20 дена нема да работат и двете заради ремонтни активности.
Исто така, МЖСПП И Владата донесоа „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“, со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите.
Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање работат во правец на воспоставување конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот за доброто на сите“, се наведува во соопштението на Министерството за животна средина.
Македонија
(Видео) Цените останаа превисоки, граѓаните ги поминаа празниците потешко, велат од СДСМ
„Не гледаме дека има контроли и инспекции, власта и досега имаше време да го направи тоа“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Повеќе пати СДСМ реагираше и ја известувавме јавноста за една класична манипулација со кошничката којашто ја воведе власта. Прво им дозволија на трговицте да ги покачат цените а потоа ги замрзнаа цените онакако како што беа покачени. Самите граѓани овие празници ги поминаа потешко, цените навистина беа повисоки. Дури и за основните производи кои што секој треба да ги има за овие празници на маса. Да видиме дали воопшто ќе има контроли. Дали власта ќе покаже дека е на страна на граѓаните или дефинитивно ќе се потврди фактот дека се на страна на трговите“, одговори Кузеска.
Македонија
(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се поднесени од ДУИ.
„Да. Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата“, одговори Кузеска на новинарското прашање.