Македонија
„Форум“:Владина реконструкција
Можна е мини реконструкција во Владата на премиерот Никола Груевски уште во август, пишува неделникот „Форум“ во својот најнов број.
Можна е мини реконструкција во Владата на премиерот Никола Груевски уште во август, пишува неделникот „Форум“ во својот најнов број.
Информациите до кои доаѓа „Форум“, а кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги демантира, говорат за тоа дека овој пат ќе бидат реконструирани министерот за образование Никола Тодоров, за правосудство Михајло Маневски и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Неделникот констатира дека најмногу забелешки и аргументи зошто треба да замине од министерската фотеља одат на конто на министерот Маневски, пред сè поради бројните афери со кои се поврзува неговото име, како случајот „и плата и пензија“, но и шпекулациите дека тој стои зад разрешувањето на судијката Виолета Дума.
Како негов наследник на функцијата министер за правда се спомнува актуелната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во која премиерот Груевски има огромна доверба.
„Форум“ открива дека на нејзино место би дошол началникот на СВР Штип Ѕвонко Каширски, професионалец кој и претходно бил на високи позиции во МВР.
Груевски, во рамки на мини реконструкцијата, планира да го замени и министерот за образование и наука Никола Тодоров, кому му се забележува за слабите резултати во работењето.
Не е познато кој би можел да биде негов наследник, иако имаше некои шпекулации дека тоа би можел да биде поранешниот студентски лидер Самуил Малчевски, што за познавачите на состојбите во партијата на власт се чини малку веројатна и несериозна варијанта, заклучува „Форум“ во најновото издание. /крај/форум/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

