Македонија
Владата реагира на анкетата Бистро-Матно
Тврдењето дека Владата ќе вработи 30 илјади партиски членови на неопределено време е дел од кампањата на СДСМ, и не соодветствува на вистината, реагира владината прес-служба на анкетата Барометар на корупција Бистро-матно – најцрн настан за јуни, изготвена од НВО Транспарентност нулта корупција
Тврдењето дека Владата ќе вработи 30 илјади партиски членови на неопределено време е дел од кампањата на СДСМ, и не соодветствува на вистината, реагира владината прес-служба на анкетата Барометар на корупција Бистро-матно – најцрн настан за јуни, изготвена од НВО Транспарентност нулта корупција.
„Не навлегувајќи во методолошкиот пристап на анкетата, цениме дека определениот најцрн настан за месец јуни СДСМ: Владата ќе вработи 30.000 партиски членови на неопределено време”, е резултат на политичката кампања на Социјалдемократскиот сојуз што јасно се гледа и од насловот на самата тема која е дадена на гласање“,се наведува во писмената реакција на Владата.
Во реакцијата се додава дека „реалноста и фактите се поинакви од тезите на опозицијата кои се земени како примерок за гласање. Се работи за трансформација на работен однос на неопределено време, на лица кои досега биле вработени на определено време. Се работи за пет илјади лица на кои ќе им биде трансформиран работниот однос“.
Ова стои во текстот на анкетата што ја подготвуваат агенцијата Макфакс и Транспарентност нулта корупција: „СДСМ тврди дека се работи за 30.000 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, а министерството за финансии соопшти дека станува збор за пет илјади лица – главно од социјалата и културата кои долги години, уште од времето на СДСМ се привремено вработени и не им тече никаков стаж“.
Месечната анкета „Барометар на корупција – Бистро-Матно” агенцијата Макфакс и „Транспарентност нулта корупција” ја организираат од 2004 година. Во анкетата учествуваат главни уредници на повеќе електронски и печатени медиуми во Македонија. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

