Македонија
Власта и опозицијата постигнаа договор
Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска конечно се усогласија и за измените на Деловникот за работата на Собранието, со што се затвораат двете точки од координациските средби кај претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.
Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска конечно се усогласија и за измените на Деловникот за работата на Собранието, со што се затвораат двете точки од координациските средби кај претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. „ВМРО-ДПМНЕ досега ги прифати сите барања на СДСМ кои понекогаш беа на раб на уцена. Прифативме дефинирање на улогата на анкетната комисија во согласност со барањето на пратеничката група на СДСМ. Прифативме адекватен состав на комисијата и стопроцентно ги прифативме барањата на СДСМ во однос на измените на Деловникот“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го прифати барањето на СДСМ да предлага точка на дневен ред на секоја втора седница. За барањето на опозицијата да се донесе одлука за формирање на тело што ќе го контролира трошењето на народните пари, Димовски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во согласност со досегашните заклучоци ќе предложи да се формира поткомитет во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, што е во согласност со Деловникот. Како што рече Димовски, формирањето на ваков поткомитет е во согласност со англиската фондација за демократија „Вестминстер“ и со препораките на „Сигма“. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека до закажувањето на седницата на којашто ќе бидат ставени точките за деловникот и анкетната комисија, ќе бараат да продолжат координациските средби на кои ќе се усогласат разликите во нијансите. Поточно, треба да се дефинира дали одлуката за формирање на собраниско тело ќе значи формирање на постојана анкетна комисија, комисија или поткомитет за контролирање на народните пари во Комисијата за финансирање и буџет. Од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија улогата на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски за менаџирањето на процесот на кој власта и опозицијата дваесетина дена се обидуваат да ги договорат деталите околу формирањето на анкетна комисија и измените на Деловникот за работата на Собранието. Со затворањето на овие две точки, македонското Собрание има можност да ја поправи сликата во Брисел и со тоа да добие преодна оценка во извештајот на Европската Комисија. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

