Македонија
Травел ченел снима емисија за Македонија
Екипа на Тревел ченел Интернешенел е во Македонија и снима документарна емисија под наслов „Есеншл Македонија травел тудеј“.
Екипа на Тревел ченел Интернешенел е во Македонија и снима документарна емисија под наслов „Есеншл Македонија травел тудеј“.
Снимањето се одвива на повеќе локации, опфаќајќи природни, историски и културни знаменитости, а ќе бидат прикажани и слики од животниот стил на Македонците.
„Документарната серија ќе се емитува во 120 држави на 20 јазици. Целта е да се прикаже животот, културата, религијата, историјата на една држава. Снимавме во Маврово, каде што ги прикажавме скијачките терени и велосипедските патеки, во Охрид ги снимавме археолошките локалитети, и од таму ја претставуваме културата на државата. По Тиквешијата снимавме за винскиот туризам“, изјави Џед Клав, продуцент на емисијата.
Денес екипата е во Скопје, снимаат во Старата скопска чаршија, на Кале, а вечерва ќе го снимаат забавниот живот во градот.
Утре завршува нивниот престој во Македонија, каде што со хеликоптер ќе снимаат дел од Кокино и Матка.
„Задоволен сум од престојот, гостопримството и македонската кујна. Животот си го ставив во опасност кога со велосипед се спуштав по стрмна велосипедска патека во Маврово и тоа ќе биде прикажано, но најтешкиот дел беше да се пробаат сите македонски вина“, рече Дени Робинс, презентер во емисијата.
Емисијата ќе трае 35 минути, а ќе се емитува од септември два-три пати во текот на месецот во траење од три години.
Овој проект на Тревел Ченел Интернешенал во Македонија се остварува во соработка со Агенцијата за странски инвестиции. /крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Губитничките партии на Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, велат од ДУИ
„Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на Албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето“, велат од ДУИ.
„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.
Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.
ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.
Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Сајтот на СДС, исто како и нивната политика, е преполн со вируси на омраза и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дури и сервисите за проверка на интернет безбедноста го препознаваат вистинскиот карактер на СДС – нивниот сајт е преполн со вируси, исто како што нивната политика е заразена со вирусот на омразата, корупцијата и гневот кон сопствената држава и граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да измислуваат лаги за работењето на Владата, пратениците на СДС треба да одговорат пред граѓаните: Каде се милионите евра украдени за време на нивното владеење? Каде се проектите кои ги ветуваа? Дали омразата која ја шират е сè што останало од нивната некогашна визија?
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци покажа дека е посветена на реформите, економскиот раст и подобрувањето на животниот стандард. Пензиите се зголемени, платите се зголемуваат, оточнуваат нови инвестиции, се отвораат нови патишта, се реализираат проекти за нови работни места, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се подобрува со мерките кои ги имплементираме.
Наместо со вируси и омраза, нашата работа е да ги лекуваме последиците од нивната неспособност и да создадеме подобра иднина за секој граѓанин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Македонец под дејство на алкохол предизвика собраќајна незгода во Вараждин
Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонец, кој управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили.
Возачот се движел по улицата „Браќе Крајански“ и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.
Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.
Во несреќата нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.
Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.