Македонија
Хумар: НАТО чека на решение за името
Поканата за членство во НАТО чека само на решение на спорот со името, вели шефот на советодавниот тим на Алијансата во Македонија, Давид Хумар, во интервју за Радио Слободна Европа.
Поканата за членство во НАТО чека само на решение на спорот со името, вели шефот на советодавниот тим на Алијансата во Македонија, Давид Хумар, во интервју за Радио Слободна Европа. Хумар посочува дека реформите не се еднократно достигнување и оти треба да бидат постојан процес, но дека тоа се однесува и на други земји, а особено со новите членки. „Брзото решение на спорот со името е клучно за добивање покана за членство во НАТО“, вели Хумар во интервјуто. Тој не верува дека зголемувањето на тензиите на Косово може да ја дестабилизираат Македонија. „Во однос на безбедноста на регионот беа преземени значителни чекори напред. Поканата која беше испратена од НАТО до земјите од регионот е еден од тие чекори. Вашата земја е на прагот на Алијансата, а процесите се во тек во Црна Гора и Босна. Кога еднаш овој процес ќе заврши и сите балкански земји ќе бидат онаму каде што припаѓаат, во Евроатланското семејство, сигурен сум дека прашањата во врска со безбедноста веќе нема да бидат на врвот на агендата. А тој ден, од моја гледна точка, не е далеку“, вели Хумар. Хумар вели дека е уверен дека поддршката на македонските граѓани за членство во НАТО не се намалува и уверува дека Алијансата ќе продолжи да ја подржува Македонија, како во реформите во одбраната, така и во другите реформи. /крај/рсе/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.