Македонија
Жртвите на транзиција и стечајците на протести
Бранко Црвенковски создава хаос и замајување на јавноста за да се наметне врз народот, тој ја злоупотребува судбината на вистинските стечајци што тој ги создаде, изјавија од граѓанската иницијатива Жртви на транзиција, пред седиштето на СДСМ.
Бранко Црвенковски создава хаос и замајување на јавноста за да се наметне врз народот, тој ја злоупотребува судбината на вистинските стечајци што тој ги создаде, изјавија од граѓанската иницијатива Жртви на транзиција, пред седиштето на СДСМ.
„Бранко почна да носи маици со некои си наркомани, а нас стечајците не заборави и се труди да прави немири во државата со цел да дојде на власт со лажни манипулации да го потсетиме дека нема да го заборавиме злото што ни го направи останавме без пари“ рече Воислав Тодоров од Жртви на транзиција.
Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието.
Тие бараат државата ја ги обесштети бидејќи тие не заминале доброволно од работа.
„Државата е должна да не обесштети бидејќи нé истера од фирмите. Затоа на Премиерот му порачувам да не си игра со оваа група на работници. Ќе одиме по нивните домови. Ќе ги снајдат социјални немири како во Грција и Франција зошто овие луѓе на сé се спремни“, рече Претседателката нa УНИТ, Лилјана Георгиевска.
Георгиевска рече дека срамота е тоа што се згрижени само 960 лица, а останатите 5.000 стечајци се останати на улица.
Додека стечајците протестираа во Собранието опозицијата го праша Премиерот Никола Груевски дали мисли да го реши прашањето со стечајците како што ветил во 2008 година. На пратеничкото прашање Премиерот одговори дека го остварил ветувањето, односно дека 4.000 стечајци добиваат месено обесштетување од 6.000 денари до пензионирањето.
Стечајците од УНИТ бараат месечен надомест од околу 6.000 денари до пензионирањето или вработување за жени над 50 годишна возраст со 15 години работен стаж и за мажи над 53 години.
Стечајците протестираа во неколку наврати во главниот град и се случија инциденти помеѓу оние кои протестираа и возачите поради сообраќајниот хаос кој настана за време на овие настани./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

