Македонија
Ортопедите бараат повлекување на одлуката за спојување на клиниките
Владата треба да ја преиспита и поништи донесената одлука за интегрирање на Универзитетска клиника за ортопедски болести во новата Клиника и да продолжи според предвидената програма за реформи во здравството.
Владата треба да ја преиспита и поништи донесената одлука за интегрирање на Универзитетска клиника за ортопедски болести во новата Клиника и да продолжи според предвидената програма за реформи во здравството.
Ова во понеделникот преку отвореното писмо го побара Стручниот колегиум и вработените на Универзитетска клиника за ортопедски болести-Скопје.
Создавањето на нова Универзитетска клиника за трауматологија, во чиј состав влегуваат Универзитетска клиника за трауматологија, Универзитетска клиника за ортопедски болести , ЈЗУ КАРИЛ – Скопје и ургентен центар – Скопје во никој случај не претставува спој на установи кои се бават со сродна дејност, се вели во соопштението.
Вработените на Универзитетска клиника за ортопедски болести сметаат дека новоформираната установа нема да доведе ниту до поефикасна работа на овие клиники ниту до намалување на трошоците за работа.
„Напоменуваме дека клиниката за ортопедски болести нема никакви побарувања ниту долгови кон другите три установи. Искористеноста на операционите сали и другите капацитети на клиниката за ортопедски болести е од 80-90 % и е во светските рамки по глава на жител и покрај константно намалување на буџетот“, стои во соопштението.
Во реакцијата се укажува дека интеграцијата со другите три клиники „ќе претставува огромен проблем за набавка на специфичните медицински материјали потребни за обавување на дејноста на клиниката за ортопедски болести, што ќе довело до пад на квалитетот на услугите на пациентите, како и до зголемување на листите на чекање“.
Наспроти овие тврдења, министерот за здравство Бујар Османи вели дека новата Клиника нема да предизвика укинување на ниедна сегашна дејност на посебните Клиники што ја сочинуваат новата здравствена установа, ниту укинување на соодветните катедри на Медицинскиот факултет.
Османи во петокот попладне оствари телефонски разговор со Претседателот на Асоцијацијата која ги обединува ортопедите и трауматолозите, Златко Темелковски, при што било заклучено дека стравувањата од дисконтинуитет во дејноста се неосновани.
Министерот Османи нагласил дека единствено нешто што со одлуката за формирање на нова Клиника ќе се смени е начинот на администрирање и управување со Клиниката што би требало да придонесе кон поедноставување на процедурите при организација на работата на инаку сродните медицински дејности, што може да се види и од начинот на кој тие се организирани во единствена Асоцијација на ортопеди и трауматолози.
Претставници на министерството за здравство се очекува деновиве да остварат средба со претставници на четирите Клиники на која ќе бидат појаснети сите аспекти поврзани со формирањето на новата Клиника. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шилегов: Да, барам оставка од „претседателот“ на СДСМ
Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Град Скопје и член на раководството на СДСМ, бара оставка на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош !!! М ? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави …“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Подоцна тој објави уште еден статус.
„Бидејќи можеби многумина не разбраа (преку 50 тел повици за 7 мин) ДА !!! Барам оставка на “претседателот” на СДСМ“, напиша Шилегов.
Македонија
Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат и вели дека никој не ја информирал за таквата обврска. Таа се најде на листата што денеска ја објави Државната комисија за спречување на коруппцијата со имиња на поранешни и нови градоначалници кои не поднеле изјава за имотна сосотјба. Арсовска ја обвини ДКСК за јавен линч и побара одговори од таму на кој начин ја креирале листата на која како број 1. е објавено нејзиното име.
„Ве известувам дека денес 17.12.2015 година (среда) од медиумите дознав информација која сте ја пуштиле како соопштение дека согласно член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, постои обврска за поднесување изјава за имотна состојба. Сите оние кои не се реизбрани и на кои им настанал престанок се најдоа на листата која сте ја лиферувале, а истото потекнува од очигледна неинформираност од ваша страна за постоење на таква обврска. Доколку ја извршувате вашата функција соодветно и доследно нема тенденциозно да покренувате јавен линч за деградација, бидејќи да сте биле професионални и да сте го застапувале законот, ќе не информиравте лично за обврската или со соопштение преку медиумите, ете баш на истиот начин на кој за жал настапивте за да си направите себепромоција дека не се поднесени изјави за престанок“, напиша Арсовска во порака до ДКСК која ја сподели и со медиумите.
Таа вели дека добро ќе било ДКСК да сработи нешто за мултимилионската корупција во Македонија и сериозните криминали кои се случуваат вклучувајќи ги и институционалните непостапувања за случаи како загадувањето од страна на УСЈЕ или трагедијата во Кочани, наместо да се заканува со прекршочни глоби.
Арсовска вели дека очигледно сите 35 поранешни градоначалници кои не продолжуваат мандат не знаеле за постоењето на оваа одредба.
Таа додава дека нема никакви промени во нејзината имотна состојба.
„Да си ја вршите работата како треба и соработувате со институциите, на почетокот на мандатот ќе ги информирате за постоењето на обете обврски. Ве информирам дека со оваа изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата градоначалник ве информирам дека немам никакви промени согласно денот на завршување на мандатот“, пишува Арсовска.
Поранешната градоначалничка побара и одговори од ДКСК во врска со објавената листа.
„За крај, би сакала да ме информирате по писмен пат на овој е-маил, на кој начин ја креиравте листата која ја лиферувавте низ јавноста каде како број 1. сте го објавиле моето име и дали е истото сторено по азбучен ред, по возраст, по пол, по тоа кој е најсиромав или по ваше лично убедување како и кому најмногу да се осветите и да наштетите со Вашите небулози“, пишува Арсовска, која во електронската порака е потпишана како портпарол за етика и спречување на корупција на Конгресот на Совет на Европа.
Македонија
Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство
Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел.
Тој кажа дека Владата ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите и дека македонските граѓани заслужуваат да се во ЕУ.
„Добро е кога Западен Балкан е во оптиката на Европската Унија, тоа е охрабрувачки за граѓаните на Западен Балкан затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина бидејќи Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ. Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради би рекол вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес туку пред сè поради македонските граѓани, бидејќи тие тоа го заслужуваат“, рече Мицкоски.
Премиерот изрази очекување дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка во процесот.
„Така работиме до сега така ќе продолжиме понатаму и очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка туку напротив очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ и она коешто е најважно, да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања“, рече Мицкоски.

