Македонија
СДСМ: Груевски да престане да ја изолира земјата
Опозициската СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ постојано сака да ја прикажува Македонија како анти НАТО и анти ЕУ настроена држава и побара од премиерот Никола Груевски, да се огради од сите како што велат скептични ставови и да престане да работи на изолирање на земјата.
Опозициската СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ постојано сака да ја прикажува Македонија како анти НАТО и анти ЕУ настроена држава и побара од премиерот Никола Груевски, да се огради од сите како што велат скептични ставови и да престане да работи на изолирање на земјата.
„Не може да биде коинциденција фактот што на сите анти НАТО и анти ЕУ собири се појавуваат луѓе кои или се членови на ВМРО ДПМНЕ или се блиски на владејачката партија. Подеднакво, не е никаква коинциденција што во ниедна ситуација немаме слушнато од премиерот Груевски да се огради од ваквата атмосфера и промовираните ставови“, изјави во вторникот потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Тој рече дека целата спрега е потпомогната од честото организирање трибини каде интелектуалци, поранешни пратеници на ВМРО ДПМНЕ и новинари кои се декларираат како интимни, семејни пријатели на премиерот Груевски, работат на анти НАТО и анти ЕУ пропаганда.
„Оваа интензивна кампања не е случајна. Бидејќи е јасно дека сите овие механизми се во спрега, прашање е дали единствената цел е Македонија да се држи во изолација, да се оддалечи од ЕУ и НАТО интеграциите како единствен начин да продолжи криминалот на Груевски и фамилијата. За власта не е доволен фактот што не работи на процесот на интеграција, туку напротив постојано работи на креирањето на негативната атмосфера околу целиот интеграциски процес“, рече Георгиев./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа
Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Ај-кју ер“ (IQAir).
Според последните податоци, индексот на загаденост за Скопје во 9 часот изнесува 95, што е во категоријата на средна загаденост.
Од европските градови зад Скопје се Амстердам , Сараево и Белград, додека на светско ниво најзагаден воздух дишат жителите на Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Карачи (Пакистан).
Министерството за животна средина и просторно планирање завчера издаде препораки до граѓаните за заштита од загадувањето. На сите работодавци и им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот.
Македонија
Татко и син тргувале со марихуана
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, како што информираат од Обвинителство, биле откриени околу 150 грама марихуана во разни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор со електрична инсталација, светилки, ламби и мерачи на температура кои служеле за претходно производство на наркотична дрога-марихуана.
-Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство или дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците на кривичното дело јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија доставил предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

