Македонија
Тони Михајловски и Нора Шаќири во учебник за петто одделение

Во учебникот за петто одделение „Општество“, на 42. страна во делот каде се опишуваат значајни имиња од македонската култура се споменати Тони Михајловски, Симон Трпчевски, Нора Шаќири, Влатко стефановски, Есма Реџепова, Ристо Шишков, Никола Ристановски, Бодан Арсовски, Дарко Даутовски, и други.
Во учебникот за петто одделение „Општество“, на 42. страна во делот каде се опишуваат значајни имиња од македонската култура се споменати Тони Михајловски, Симон Трпчевски, Нора Шаќири, Влатко стефановски, Есма Реџепова, Ристо Шишков, Никола Ристановски, Бодан Арсовски, Дарко Даутовски, и други. Како автори на учебникот, кој во електронска верзија веќе е објавен на интернет страницата на Министерството за образование и наука, се наведени Христина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска. На новинарско прашање во врска со значајноста на личностите кои се споменуваат во книгата за запознавање на општеството, Министерот за образование и наука денеска рече дека процедурата на составување на учебник е сложена и тој не е стручен за да ја оценува содржината на учебниците и дека за тоа има компетентни лица кои се едуцирани во тие области. „Најпрво се распишува конкурс и целата процедура ја спроведува националната комисија. Потоа се одбираат најдобрите учебници и се предлагаат на министерот кој носи решение. Ни еден министер кај нас не бил и неможе да биде стручен да ја провери содржината на сите книги. Секој министер како што правам јас, ќе се потпре на стручноста на рецензентите,“ рече Тодоров. Министерот ги даде изјавите при распределбата на учебниците за петто одделение кои се отпечатени и чија дистрибуција започна денеска во скопското училиште „Дане Крапчев“. Учебникот по општество за петто одделение, може да го погледнете тука./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.