Македонија
КСО: Да се стави во мирување законот за куќен совет
Законот за куќен совет да се повлече, да се стави во мирување од една година и да се направат измени реагираат од Конфедерацијата на синдикални организации (КСО).
Законот за куќен совет да се повлече, да се стави во мирување од една година и да се направат измени реагираат од Конфедерацијата на синдикални организации (КСО).
„Апелираме до премиерот и министерот за транспорт и врски да го стават во мирување законот да се направат јавни трибини и да се договориме кои се недостатоците, законот е добар но да се имплементира во некоја европска земја каде што граѓаните имаат стандарт во вакви услови на загрозена економска ситуација не се потребни дополнителни трошоци за граѓаните“, рече Маријан Ристевски претседател на КСО.
Тој вели дека законот ги нарушува меѓучовечките односи бидејќи се создава кавга меѓу станарите и дека на овој начин се отвораат дополнителни трошоците кои нема да изнесуваат 300 денари туку за неколку пати зголемени.
„За прв пат граѓаните му рекоа не на некој закон, оваа реакција е за поздравување Владата треба да се замисли и да го повлече, да се преработи се она што е позитивно ќе се прифати, но тоа што создава револт кај граѓаните треба да се измени“, изјави Ристевски.
На последниот ден од рокот за регистрација на заедниците на сопственици во Централниот регистар пристигнаа само околу 130 пријави, до сега се регистрирани нешто повеќе од 500 заедници на сопственици, а одзивот на станарите е околу пет до седум отсто.
Според законот за домување, станарите на една зграда можат да изберат или Претседател или Управител на зградата кој е должен да се грижи за нејзино одржување и за распределување на буџетот.
Во државава има околу 10 илјади станбени згради, а заедниците на сопственици можат да се регистрираат во сите градови каде Централниот регистар има свои канцеларии, освен во градовите Кратово, Крушево и Демир Хисар./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

