Македонија
Воена изложба по повод на Денот на АРМ
Повеќе разновидни активности за одбележување на 18-ти август, Денот на АРМ ќе се одржат денеска на неколку одвоени локации во Скопје.
Повеќе разновидни активности за одбележување на 18-ти август, Денот на АРМ ќе се одржат денеска на неколку одвоени локации во Скопје.
Најинтересен настан за граѓаните се очекува да биде изложбата на која ќе бидат прикажани материјално-техничките средства и борбените возила, како и дел од вооружувањето со кое е опремена АРМ.
Изложбата е се одржи во време од 12.00 до 20.00 часот, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. Настанот е од отворен карактер и истиот ќе можат да го посетат сите граѓани.
Предвидено е дружењето со граѓаните да заврши со концерт, на кој ќе настапат естрадни уметници од забавната и народната музика, а влезот е слободен за сите оние кои сакаат заедно со припадниците на АРМ да го прослават осумнаесеттиот роденден на Армијата на Република Македонија.
Претходно церемонијата по повод на Денот на АРМ ќе започне во 09.30 часот на градските гробишта во Бутел со полагање на венци со свежо цвеќе и со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски Покрај делегацијата од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, се очекува свежо цвеќе да положат и делегации на кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието, Владата, Министерството за одбрана, поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини, градоначалникот на Скопје и други. Свечено постројување на вработените од МО и ГШ на АРМ е закажано за во 11 часот, на кое покрај останатите ќе присуствуваат и министерот Зоран Коњановски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал- потполковник Мирослав Стојановски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

