Македонија
Сончево со слаб до умерен северозападен ветер

Претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 Целзиусови степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од југозападен правец. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Црвениот крст: Досега се собрани 48.172.115,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани

Црвениот крст информира дека досега се собрани 48.172.115,00 денари. Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани.
„Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани“, велат од таму.
Македонија
Македонските граѓани кои се во Љубљана сега се во рацете на стручни лекари: Муцунски ги посети хоспитализираните во Словенија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Љубљана ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Словенија. Притоа оствари кратки одвоени средби со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерката за здравство, Валентина Преволник Рупел, како и со медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти.
Муцунски изрази искрена благодарност за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува во овие тешки моменти, нагласувајќи дека тоа е уште еден доказ за длабоката почит и пријателство меѓу двете земји и нивните народи.
„Би сакал уште еднаш, во име на македонскиот народ, Владата и целата нација, да се заблагодарам за исклучителната солидарност што ја покажавте – тоа зборува за високото ниво на меѓусебно почитување што го имаме меѓу себе. Македонските граѓани кои се во Љубљана сега се во рацете на стручни лекари, медицински експерти и посветени медицински сестри,“ – изјави министерот Муцунски.
За време на посетата, тој имаше можност лично да добие информации од лекарскиот тим за состојбата на пациентите, како и да се запознае со стручниот кадар кој има клучна улога во организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт.
Муцунски нагласи дека македонската амбасада во Словенија останува целосно посветена на поддршката на пациентите и нивните семејства, а Кризниот штаб во Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување.
Македонија
Митева: ДПИ досега има записник од 82 контроли, голем број издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Владината портпаролка Марија Митева денеска информираше за работата на ДПИ и кои се преземените активности заклучно со вчерашниот ден.
„Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.
Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност“.
Според неа, кај 5 правни субјекти коишто биле регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период биле издадени решенија за забрана на дејност.
„Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затварања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог“, прецизираше Митева.