Македонија
О.М.: Владата прави криминал во културата
Шокирани сме од информацијата дека Управата за заштита на културно наследство троши 3,5 милиони евра за изградба на дрвените наколни колиби во Заливот на коските во Градиште, соопштуваат од Обединети за Македонија.
Шокирани сме од информацијата дека Управата за заштита на културно наследство троши 3,5 милиони евра за изградба на дрвените наколни колиби во Заливот на коските во Градиште, соопштуваат од Обединети за Македонија. „Анализите на Обединети за Македонија говорат дека за овој проект што се гради во погрешно време кога процентот на сиромаштија во државата изнесува 40%, власта ќе проневери најмалку петпати повеќе граѓански пари за изградбата на дрвените наколни колиби од нивната реална вредност за изградба,“ тврди Бранко Петровски, Претседател на комисијата за култура. Според Обединети за Македонија, наколните колиби се изградени од дрво, камен и земја, и 900-те импрегнирани колци високи 6 метра, реално чинат 135 000 евра, а во набавката од 2007 се евидентирани потрошени 500 илјади евра. „Сите останати ставки вклучително и неизбежната медиумска кампања не ја надминуваат вкупната сума од 1 милион евра,“ велат од О.М и тврдат дека Владата прави криминал во културата./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.