Македонија
Џељаљ Бајрами и Хосе Луис Хереро потпишаа Меморандум за разбирање.
Министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хосе Луис Хереро, денеска потпишаа Меморандум за разбирање.
Министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хосе Луис Хереро, денеска потпишаа Меморандум за разбирање.
„Целта на потпишувањето на овој Меморандум е да се ангажира надворешен експерт од ОБСЕ во Македонија кој што ќе има задача да направи евалуација на досегашните достигнувања во делот на имплементација на декадата на Ромите како и давање насоки за поуспешна имплементација на декадата во наредниот период“, рече Бајрами.
Министерот Бајрами понатаму информираше дека лицето од ОБСЕ кое што ќе биде ангажирано нема да се фокусира само во Министерството за труд и социјала, бидејќи за имплементација на декадата на ромите , како што вели тој, надлежни се и министерството за образование, здравство, транспорт и врски и др,па така експертот ќе направи ревизија и за работата на другите министерства.
„Сите 56 земји членки на ОБСЕ обрнуваат големо внимание на сите прашања поврзани со разни малцинства и секако тоа се однесува на заедниците на Ромите.Во 2003 сите министри за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ потпишаа документ кој се ориентира кон подобрувањето на условите на живеење на Ромите“, рече Хереро.
Хереро понатаму рече дека „ромската заедница во земјава има и политичко влијание, во парламентот и во општините и дека е една од ретките земји ако не и единствена каде што има ромски градоначалник“.
Во 2005 година стартуваше декадата на Ромите со цел да се подобри нивниот статус во сите сфери на општеството./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

