Македонија
Нема гаранција дека учебниците ќе бидат ревидирани за 30 дена

„Не можеме да претпоставиме точно колку време ќе им треба на ревизорските тимови меѓутоа ќе гледаме да завршат во најбрзо време,“ изјави денеска Зоран Радиќ претседателот на Националната комисија за учебници.
„Не можеме да претпоставиме точно колку време ќе им треба на ревизорските тимови меѓутоа ќе гледаме да завршат во најбрзо време,“ изјави денеска Зоран Радиќ претседателот на Националната комисија за учебници. „Некаде имате во основното образование десетина учебници по македонски јазик, 15 учебници по математика итн, ако има потреба и ќе ги зголемиме тие стручни тимови за да се заврши работата поефикасно,“ рече Радиќ. Тој информираше дека времетраењето на ревизијата зависи од тоа стручните тимови какви грешки ќе најдат во учебниците, односно ако има помали грешки тогаш ќе може да се направи само дополнување на соодветниот учебник. „Ние во досегашната работа сме ги читале сите извештаи кои стигнувале до националната комисија. Досега немаме сретнато ваков проблем како што испадна со „Општество“,“ информира Радиќ. Националната комисија е формирана на 4 ноември 2008 година од Владата на Република Македонија и како таква има обврски да ги поднесува извештаите на крајот од годината до 31 јануари пред Владата и одговара пред неа. Владата има право да ја разрешува и да приклучува нови членови ако е тоа потребно. Националната комисија е составена од 21 член и работи во содејство со Педагошката служба. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.