Македонија
Пуштена фонтаната со ликот на Тоше Проески
Во населбата Ново Лисиче, денеска свечено беше пуштена во употреба меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески.
Во населбата Ново Лисиче, денеска свечено беше пуштена во употреба меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески.
Фонтаната се наоѓа на Детската улица и е изработена од мермер со кружна форма, со дијаметар од седум метри. Централниот дел е со квадратен облик, висок 1,45 метри, каде е поставена слика од Тоше. Фонтаната и околниот дел е осветлен со канделабри и неонски светилки, хортикултурно е уреден со зеленило и клупи.
„Фонтаната ја пуштаме на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица. Мислам дека ова ќе биде едно од најубавите места во нашата држава и за сите почитувачи на ликот и делото на Тоше, кои ќе можат да дојдат тука и да се потсетат на него. Ова е и по барање на жителите на општина Аеродром, кои се негови фанови“ – рече градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски при официјалното пуштање на фонтаната.
Град Скопје ќе учествува во уредување и одржување на зеленилото во паркот околу фонтаната. За градоначалникот Коце Трајановски ова претставува уште едно културно катче во градот каде ќе се собираат фановите на Тоше Проески
„Споменикот е поставен во еден убав дел од општина Аеродром. Има огромен, добро уреден простор со парковско зеленило. На овој начин му се одоложуваме на Тоше за се што направил за Македонија“ – рече Трајановски
Изградбата на меморијалната фонатана е финансирана од општина Аеродром и фондацијата Тоше Проески, а ја отворија неговите колегите, музичарите Зоран Џорлев, Елена Ристеска, Елвир Мекиќ, групата Некст тајм, пред голем број граѓани кои се уште не можат да го преболат нивниот миленик
„Тоше го заслужува ова. Не се наоѓа таков човек, особено заради тоа што го направи за децата. Многу жалам за него“ – вели скопјанката Катерина Димишкова
Фонтаната започна да се гради на 21 март годинава, а изградбата чини околу осум милиони денари.
Во чест на легендарниот Тоше Проески во Крушево,на Гумење, каде Тоше сакаше да прави музичко студио, продолжува изградбата на Спомен куќата, која треба да биде завршена годинава. На оваа локација локалните власти планираат изградба и на црква.
Градоначалникот на Крушево Василчо Дамчевски вели дека градот се уште не може да го преболи нивниот Тоше иако како што вели „времето лекува се“.
„Некои работи се излезени од колосек. Ние како Крушевчани треба да водиме сметка за да го зачуваме она што тој го остави, но во вистинско светло, на хумани вредности, на христијанската вера и на се што е позитивно, но мислам дека Спомен куќата е мегаломанска“ – вели Дамчевски.
Дамчевски вели дека ќе побара од фановите на Тоше, концертот кој во негова чест се одржува во Скопје да се одржува и во родното Крушево, што според него многу ќе значи за градот.крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец
Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.
На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.
Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.
Македонија
СДСМ ќе предложи зголемување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите
Социјалдемократскиот сојуз ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите, соопштија од партијата.
Како што наведуваат, предлог-законите се подготвуваат имајќи ја предвид тешката положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и барањата изнесени од Сојузот на синдикатите. Според најавата, СДСМ ќе предложи зголемување на минималната плата на 600 евра, зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори, како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите.
Од партијата наведуваат дека ги поддржуваат барањата на работниците и на Сојузот на синдикатите, истакнувајќи дека секој работник заслужува достоинствена плата за живот.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека деталите за предложените законски решенија ќе ги образложи на прес-конференција.
Македонија
ДОМ: Поддршка за повисоки плати, но со одговорен и одржлив економски пристап
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја препознава реалната состојба на ниски плати и растечка сиромаштија со која се соочуваат голем број граѓани и ја поддржува потребата од отворање сериозна јавна и институционална дебата за подобрување на животниот стандард на работниците.
Од партијата соопштија дека даваат поддршка на денешните протести и на заложбите на синдикатите за подостоинствен живот за сите работници.
Истовремено, ДОМ оценува дека прашањето за зголемување на минималната плата, вклучително и предлогот таа да изнесува 600 евра, е комплексно и треба да се базира на пресметки кои ја одразуваат состојбата на сите засегнати страни. Според партијата, потребно е внимателно да се согледаат реалните економски ефекти, можниот притисок врз работодавачите, особено малите и средни претпријатија, како и ризикот од дополнително подгревање на инфлацијата.
Во соопштението се наведува дека ова прашање ги отвора и пошироките структурни предизвици на пазарот на труд, како што се различните модели на формално пријавување со минимални примања, неусогласеноста меѓу реалната економска активност и официјално прикажаните приходи, како и други појави кои го прават системот нефункционален и социјално неправеден.
ДОМ нагласува дека ниските плати и сиромаштијата се сериозен проблем, но решенијата мора да бидат внимателно осмислени за да не се создадат дополнителни економски ризици и несигурност – и за работниците и за работодавачите.
Од партијата порачуваат дека е потребно реално, системско и социјално праведно решение, засновано на дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и институциите, оценувајќи дека станува збор за надпартиско прашање кое не смее да биде предмет на дневно-политички препукувања, туку заедничка одговорност за обезбедување одржлив и достоинствен животен стандард за граѓаните.

