Македонија
Хелсиншки: Социјалните центри не се способни да откријат сексуална злоупотреба
Пасивност и нестручност на дел од вработените во центрите за социјални работи – ова е оценката на Хелсиншкиот комитет по серијата случаи на сексуална злоупотреба на деца.
Пасивност и нестручност на дел од вработените во центрите за социјални работи – ова е оценката на Хелсиншкиот комитет по серијата случаи на сексуална злоупотреба на деца.
Од Хелсиншки сметаат дека надлежните само констатираат одредена повреда, без притоа самоиницијативно да поведат постапка или да делуваат превентивно таму каде што имало услови за тоа. Бараат од министерството за труд и социјална политика во центрите да спроведе суштинска персонална и организациска реформа.
„Обуката треба да промовира и обезбедува континуирано учење и надградување на персоналот, потребни за изградба и одржување на ефективни услуги и организациска структура. Реформата мора да биде проследена со развивање прецизни контролни механизми и процедури кои ќе обезбедат идентификување и санкционирање на прекршувањата на правата на детето“, се вели во соопштението.
Недостасува и меѓусебна комуникација и соработка меѓу институциите, забележуваат од Хелсиншки. Предлагаат да се работи на нивно поврзување и взаемно информирање.
Во соопштението уште еднаш се потсетува дека Македонија се уште не ја ратификувала Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и злоупотреба. Превентивните мерки наведени во Конвенцијата вклучуваат проверка, регрутирање и постојана обука на луѓето кои работат во контакт со деца, континуирано информирање на децата со што тие стануваат свесни за ризиците и учат како да се заштитат себеси, како и следење на мерките за прекршителите и потенцијалните прекршители.
Статистиката покажува дека во првите шест месеци од 2010 година за 18 проценти е намален бројот на сексуални деликти извршени над малолетници, споредено со истиот период лани. Досега регистрирани се 41 кривично дело, а пријавени се вкупно 48 лица. Според видот, најзастапено е делото – полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години./крај/со/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

