Македонија
Последна шанса за кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители
Советот на јавните обвинители ќе им даде уште една шанса за пријавување на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители. Ако и на последниот оглас не се пријават, кандидатите ќе го изгубат приоритетот и ќе треба да и ги вратат парите на државата.
Советот на јавните обвинители ќе им даде уште една шанса за пријавување на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители. Ако и на последниот оглас не се пријават, кандидатите ќе го изгубат приоритетот и ќе треба да и ги вратат парите на државата.
„На неколку огласи не се јавуваат завршените кандидати, па затоа ќе треба најитно да се седне заедно со судскиот совет на Македонија и Академијата на судии и јавни обвинители да видиме што е проблемот, да се разговара со кандидатите. Ако и во наредниот период не се јавуваат на тие огласи тие ќе го изгубат приоритетот и како крајна мерка ќе треба да ги вратат средствата кои државата ги вложила во нивната едукација.“ изјави новиот претседател на советот на јавни обвинители, Костадин Кизов, кој го истакна овој проблем како приоритет во неговата понатамошна работа.
„Советот одлучи да им даде уште една шанса и да им даде уште еден оглас за избор на четири јавни обвинители во Тетово, Велес, Гевгелија и Гостивар од редот на кандидатите на академијата“ изјави Маневски.
Негов приоритет ќе биде и финансирањето на јавните обвинителства, изработка на акциониот план на советот на јавни обвинители, издвојување на обвинителската стручна служба, како и зголемувањето на бројот на јавните обвинители по стапувањето на сила на новиот закон за кривична постапка.
Со оглед на тоа дека, со овој закон се зголемуваат ингеренциите на обвинителите, во јавните обвинителства кадарот ќе се зголеми за 20 до 30 отсто. Новиот претседател на Советот Костадин Кизов денеска едногласно беше избран за претседател. Тој доаѓа од јавното обвинителство во Кичево./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

