Контакт

Македонија

Жестока дебата на Анкетната комисија за собранискиот инцидент

Објавено пред

Анкетната комисија што го испитува собранискиот инцидент од 1-ви јули попладнево продолжи со работа со испрашување на Претседателот на координативното тело на стечајни работници, Лилјана Георгиевска.

dobivaj vesti na viber

Анкетната комисија што го испитува собранискиот инцидент од 1-ви јули попладнево продолжи со работа со испрашување на Претседателот на координативното тело на стечајни работници, Лилјана Георгиевска. Прашањето на членот на комисијата, Благородна Дулиќ, околу тоа поради кои причини стечајците учествувале на митингот на СДСМ пред зградата на Владата, предизвика жестока дебата меѓу членовите на комисијата. Георгиевска одговори дека се одлучиле да ја поддржат опозиционата СДСМ поради тоа што не било одговорено на нивните барања за средба со пратеници и претставници од власта. „Ако се сеќавате, цело време за време на нашите протести, господинот премиер ни викаше да одиме Бранко да не обештети. Револтот кај луѓето растеше ненормално. Ние не сме од оние жртви на транзиција да водиме крави и телиња пред нечија куќа. Тоа е завршен процес. Дадовме подршка на оној што мислевме дека ќе го исправи проблемот“, рече Георгиевска. „Се договоривме. Согласно одлуката што е донесена во Собранието, ние разговараме за случувањата околу 1-ви јули 2010-та година. Значи не разговараме за нешто што се случило два-три месеци по тоа.“, интервенираше Менде Динески од СДСМ. „Прашањето на г-ѓа Дулиќ е поврзано со првиот елемент за утврдување на причинско-последичните околности кои довеле до тие настани. Такви прашања имав и јас во настапот на госпоѓата Лилјана, такви прашања имале и г-ѓа Соња Мираковска.“, одговори Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. За време на испрашувањето, беше презентиран документ, според кој, во време кога Георгиевска била водач на стечајците од 2006-та до 2009-та година, земала паричен надоместок од ЗИК Куманово во висина од 9.000 денари. Таа одговори дека овој надоместок го добивала како претставник на работниците во Управниот одбор на комбинатот. Георгиевска уште еднаш потврди дека од неколку пратеници слушнала за наводни закани на пратеникот Петар Поп Арсов дека ќе биде уапсена, но објасни дека не верува во веродостојноста на таквото тврдење. „Дали вие верувате дека г-динот Петар Поп Арсов се заканувал?“, праша пратеникот Димовски. „Не, јас го знам Петар и повеќе не верувам отколку што верувам“, одговори Георгиевска. Таа не можеше да потврди дали пратениците што и го тврделе тоа, биле од позицијата или опозицијата. Георгиевска уште еднаш повтори дел од сведочењето од првиот дел на седницата на комисијата. Рече дека стечајните работници на ниту еден начин не предизвикале никаков инцидент, ниту дошле во конфликт со полицијата. Предвидено е по Георгиевска, пред комисијата исказ да дадат претставник на МВР, кој ќе го објасни системот на обезбедување на Собранието, како и членови на обезбедувањето на законодавниот дом. Комисијата треба да утврди дали постои евентуална политичка одговорност за пратениците, кои на 1-ви јули беа дел од инцидентот со припадник на обезбедувањето, што се случи откако Собранието не го прифати предлог-законот за обештетување на стечајците./крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти

Објавено пред

Од

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.

Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.

Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/

 

фото/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Објавено пред

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.

dobivaj vesti na viber

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите

Објавено пред

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.

Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија2 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија3 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија3 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија3 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија4 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија4 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија4 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија4 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија5 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа6 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет7 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет7 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет7 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет8 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија22 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија23 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија1 ден

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...