Македонија
Милошоски и Иванов во Брисел
Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски денеска и утре ќе го придружува претседателот Ѓорѓе Иванов при неговата работна посета на Белгиското претседателство и институциите на Европската Унија, соопштуваат од МНР.
Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски денеска и утре ќе го придружува претседателот Ѓорѓе Иванов при неговата работна посета на Белгиското претседателство и институциите на Европската Унија, соопштуваат од МНР. Предвидено е да остварат средби со претседателот на претставничкиот дом на Кралството Белгија, Андре Флао, со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо и комесарот за проширување и соседска политика, Штефан Фуле. Претседателот Иванов, за време на работната посета на Брисел, исто така ќе одржи и предавање на Кралскиот институт за меѓународни односи – EGMONT, на тема “Pax Europana, стабилизирачката улога на ЕУ и на Република Македонија во Југоисточна Европа“, соопштуваат од МНР. На 11 септември 2010, на покана на Високиот претставник на ЕУ Кaтрин Ештон и министерот за надворешни работи на Кралството Белгија Стивен Ванакере, министерот Милошоски ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, т.н. Гимних (Gymnich), што се одржува во рамки на Белгиското претседателство со ЕУ во Брисел, на 10-11 септември 2010 година. Тема за време на работната сесија со земјите-кандидати ќе бидат состојбите и соработката со регионите во соседството на Европската унија, а во тие рамки и евроинтеграцијата на земјите од Балканот. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

