Македонија
Нова демократија се сомнева во правната рамка на Законот за попис
Нова демократија (НД) се сомнева во ветувањата на Владата дека Предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе резултира со транспарентност.
Нова демократија (НД) се сомнева во ветувањата на Владата дека Предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе резултира со транспарентност.
Пратениците од Нова демократија го очекуваат Предлог законот кој беше усвоен на последната владина седница да се најде пред нив, за како што велат да можат да интервенираат со амандмани.
„И овој пат ние се сомневаме дека има некакво авансирање и некаков напредок во однос на Предлог законот за попис, од аспектот на транспарентност и реалност, во однос на албанските граѓани. Ние чекаме да го добиеме Предлог законот, да го анализираме и да ги детектираме сите слабости и можни грешки, за да можеме да интервенираме со амандмани за подобрување на истиот“, изјави денеска пратеничката од Нова демократија, Флора Кадриу.
Според Кадриу, албанското население и ДУИ секогаш резултираат како губитници од законите кои ги предлагаат коалиционите партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
На последната седница на Владата била усвоена потребната правна основа за пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, што е предвидено да се спроведе од 1 до 15 април наредната година.
Вице-премиерот за спроведување на Охридскиот договор, Абдулаќим Адеми вчера рече дека целта на Владата, е во процесот да се вклучат сите институции, да се обезбеди застапеност на сите заедници, во сите нивоа и органи за попис, да се обезбеди употреба на јазиците, што ќе резултира со транспарентност, почитување на стандардите, доверба и прифаќање на резултатите од сите фактори во земјата и во странство./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

