Македонија
Фуере повторно побара фокусирање кон иднината
Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска од Охрид го повтори апелот до политичките претставници во Македонија да се фокусираат на иднината на земјата, а не на дебати за наводно пропуштени шанси за интеграција на земјата во 1995-та година.
Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска од Охрид го повтори апелот до политичките претставници во Македонија да се фокусираат на иднината на земјата, а не на дебати за наводно пропуштени шанси за интеграција на земјата во 1995-та година. Побара историјата да не се пишува одново. „Ние сме во земја што се подготвува да се вклучи во Европската унија, земја што направи големи напори, но се уште има многу да направи, земја која има 33 отсто невработени, земја во која 30 отсто од граѓаните живеат под сите стандарди. Тоа што се случило во 1995 година не е прашање што ќе ги реши сите овие проблеми. Би сакал да им кажам на сите политичките страни дека би требало да престанат да играат игри со историјата и да не ја пишуваат повторно. Треба да се фокусираат на иднината. Tоа го бараат граѓаните и го очекуваат од нивните политичари“, изјави Фуере. Вчера евроамбасадорот, коментирајќи ја дебатата за наводно пропуштена шанса за интеграција на земјата во ЕУ во 1995 година, рече дека тоа е губење на време и ширење на фантазија. По вчерашната изјава на Фуере се огласи шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој рече дека Македонија самата со својот слаб реформски исчекор, со својот слаб политички фокус, и недостатокот од приоритети по однос на евроатлантските интеграции, за разлика од одредени источноевропски земји, ја пропуштила Агендата 2000. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

