Македонија
Иванов: Грчката блокада со последици како и ембаргото од деведесеттите
Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации рече дека грчката блокада, покрај политички, создава и сериозни последици врз економскиот развој на земјата и смета дека тие се еднакви со последиците од трговското ембарго од пред 15 години.
Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации рече дека грчката блокада, покрај политички, создава и сериозни последици врз економскиот развој на земјата и смета дека тие се еднакви со последиците од трговското ембарго од пред 15 години. Според Иванов, поради грчката блокада, Македонија има проблеми во привлекувањето на странски инвестиции и намалувањето на невработеноста. „Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Република Грција се соочува со нова блокада која ги нема карактеристиките на ембаргото од деведесеттите, но сепак ги има истите последици. Факт е дека Република Грција е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија, но исто така, факт е дека со блокадите во интеграциските процеси, индиректно ни се блокира привлекувањето на други инвеститори и инвестиции. Но, ние не сме обесхрабрени. Веруваме дека наскоро со нашиот сосед ќе најдеме решение кое ќе ни ја обезбеди европската и евроатлантската иднина, а со тоа и благосостојба за нашите граѓани. Ние сме подготвени за тоа“, рече Иванов. Во своето обраќање посветено на Милениумските развојни цели, Иванов говореше за достигнувањата што земјата ги има направено во овој домен, особено во однос нa здравствениот и образовниот систем, борбата против сиромаштијата, заштитата на ранливите групи граѓани, како и заштитата на животната средина. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

