Македонија
Милошоски: Го браниме НАТО-кампот, а не смееме да спиеме во НАТО-шаторот

Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски на работната Трансатлантска вечера на министри од земјите членки на НАТО и ЕУ одржана во Њујорк како непринципиелност го оцени фактот што Македонија не е дел од воената алијанса.
Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски на работната Трансатлантска вечера на министри од земјите членки на НАТО и ЕУ одржана во Њујорк како непринципиелност го оцени фактот што Македонија не е дел од воената алијанса.Говорејќи за учеството на земјата во глобалните безбедносни мисии, Милошоски симболично порача дека непринципиелно е што на Македонија и се дозволува да го чува НАТО-кампот, но не и се дозволува да спие во НАТО-шаторот.„Не е принципиелно поради еден ирационален грчки спор, на Република Македонија да и се дозволува да го брани НАТО кампот, а во исто време, да не и биде дозволено да спие во НАТО шаторот“, рече Милошоски во своето обраќање, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.Милошоски учествуваше на Трансатлантската вечера на покана на американскиот државен секретар, Хилари Клинтон. На неа, покрај земјите членки на НАТО и ЕУ, беа поканети и Швајцарија и нашата земја. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Наместо граѓанинот да носи хартија од еден до друг шалтер, институциите започнаа да комуницираат електронски

,,Што постигнавме за една година-прво, услугите дојдоа до граѓаните, не обратно, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на прес-конференција по повод првата годишнина од формирањето на Министерството.
„120 нови услуги, бројка што постојано расте. И затоа повеќе од 170 илјади граѓани го препознаа тоа“, рече министерот, кој потсети дека граѓаните сега онлајн можат да ги добијат услугите на порталот uslugi.gov.mk, како и дека, со измените на законот за електронски документи, за првпат, правно валидни документи можат да се добијат без физичко присуство, со електронски потпис, QR код, во електронска форма или испечатени.
Кажа дека не се заборавени граѓаните кои што немаат пристап до дигитални алатки или немаат вештини, така што во текот на летото, покрај новите три центри за услуги, ќе се отворат уште најмалку три.
,,Ја поврзавме државата. Преку платформата за интероперабилност, денес над 70 институции разменуваат податоци во реално време. Наместо граѓанинот да носи хартија од еден до друг шалтер – институциите започнаа да комуницираат електронски. Исто така, ја зајакнавме заштитата на државните системи. Прво ја донесовме Националната Стратегија за сајбер безбедност после три години вакум. Истата има и буџет, акционен план со одговорности и обврски за сите засегнати“, рече Андоновски.
Министерот го истакна и донесувањето на 4-те реформски закони, усогласени со регулативата на ЕУ, како што се Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност, Законот за архивска дејност и Законот за електронски документи. Формиран е и Сектор за сајбер безбедност во чии рамки треба да биде и Владин центар за одговор на инциденти (SOC).
Во однос на грижата за дигиталната безбедност на децата и младите, Андоновски рече дека Министерството активно работи на воспоставување на националниот Центар за побезбеден интернет MKSafeNet, кој ќе биде прв интегриран национален систем од ваков тип кој ја става безбедноста на најмладите во дигиталниот свет како приоритет од највисок ранг.
Се осврна и на забраната на преку 220 сајтови за нелегално онлајн коцкање – што, според него, е конкретен резултат на дигитална анализа и следење на IP-адреси и VPN-механизми.
Македонија
Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со ново интерпартиско делување.
„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како. Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори“, пишува Костадинов.
Се повикува на целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини, како што вели, авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, „тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите“.
„Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, додава тој.
Македонија
ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив

„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ.
„Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер примена на законот, ниту основна еднаквост.
Дури и овој навредлив предлог-закон не се испраќа во Собранието, што укажува на понижувањето и недостаток на капацитет од страна на остатоците на ВЛЕН.
„Влен“ досега покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив ангажирајќи ја Каракамишева да изготви навредлив закон, кој потоа и самите не се осмелуваат да го достават до Собранието.
ДУИ бара од надлежните институции и од меѓународниот фактор внимателно да ја следат оваа ситуација и да реагираат на назадувањето на правичната застапеност на Албанците во јавните институции“, се наведува во соопштението на ДУИ.