Македонија
Стечајците на протест за првпат пред ССМ
Стотина стечајни работници од здружението „Унит“ за прв пат својот протест го започнаа пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) барајќи синдикатот да ги поддржи во нивните барања.
Стотина стечајни работници од здружението „Унит“ за прв пат својот протест го започнаа пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) барајќи синдикатот да ги поддржи во нивните барања.
Пред зградата на ССМ со пеење на химната и со свирежи бараат в.д директорот Живко Митревски на ССМ да ги брани нивните права.
„Ве повикуваме да излезете за да не се сомневаме дека сте продолжена рака на Владата, ако не излезете за 15 минути ќе сметаме дека немаме слободен синдикат туку дека имаме ССМ на Владата на Македонија, оваа земја е богата држава само немаме добри политичари“, извикуваа стечајците пред зградата на синдикатот.
Единствена поддршка на стечајците им даде Драге Јовановски од поранешниот состав на ССМ, и сегашен противкандидат на Живко Митревски за претседател на ССМ.
„Мислиме дека Владата на Груевски е неспособна овие две години да го реши проблемот и практични покажаа дека неможат да го решат прашањето на стечајните работници, и во Македонија треба да се применат европските директиви за оваа категорија да добива паричен надомест за да можат да преживеат“, рече Јовановски.
Тој изјави дека со смената Живко Митревски практично бил суспендиран за да не ги води стечајните работници, но од денеска официјално ги поддржува.
„Очекуваме конечно да проработи свеста на Владата за да се обештети оваа категорија на работници, прво бевме пред синдикатот бидејќи побаравме нивна помош ни се приклучат од синдикатот како заштита на работничката класа, очекував подршка од новото раководство, многу ми е жал што нашата влада ненаменски троши пари“, изјави Лилјана Георгиевска, координатор на штрајкувачкиот одбор на стечајците.
Протестот продолжи пред Собранието, а потоа ќе се пресели и пред Владата.
Стечајците од УНИТ бараат месечен надомест од околу 6.000 денари до пензионирањето или вработување за жени над 50 годишна возраст со 15 години работен стаж и за мажи над 53 години.
Стечајците протестираа во неколку наврати во главниот град и се случија инциденти помеѓу оние кои протестираа и возачите поради сообраќајниот хаос кој настана за време на овие настани. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

