Македонија
Претседателот на Уставен се соочи со лустраторите
Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски денеска пред Комисијата за верификација на фактите почна да ги изнесува своите докази, со кои ги спротивставува наводите на Комисијата дека во извесен период соработувал со тајните служби.
Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски денеска пред Комисијата за верификација на фактите почна да ги изнесува своите докази, со кои ги спротивставува наводите на Комисијата дека во извесен период соработувал со тајните служби.
Ивановски, чие име не беше обелоденето од Комисијата, побара јавно да ги изнесува фактите, не сакајќи да го сокрие својот идентитет.
Ивановски за судија на Уставниот суд е избран на 7 мај 2003 година, по предлог на Републичкиот судски совет.
За претседател на судот е избран на 1 ноември 2007 година со двотретинско мнозинство, откако Махмуд Јусуфи поднесе оставка кога уставниот суд укина неколку одредби од законот за знамиња.
Ивановски е роден во 1946 година во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година.
По дипломирањето работел во Собранието на СРМ, како вршител на должноста секретар на Законодавно-правната комисија, од 1972 година работел како советник во Републичкиот секретаријат за законодавство и организација. Од 1993 година работи во Уставниот суд со статус на државен советник.
Забележлива била неговата активност како секретар на Сојузот на студентите на Македонија, секретар и претседател на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија, претседател на Одборот за политички систем на Заедницата на општините и градовите на Македонија, член на повеќе комисии во органите и телата на општините, градот Скопје и Републиката.
Во континуитет учествува во стручната работа на измените на Уставот на СРМ од 1969 година до донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година.
Комисијата за лустрација во вторник му достави заклучок на уставниот судија дека неговата изјава дека не бил соработник на тајните служби не се совпаѓа со фактите кои што ги поседувала Комисијата.
Ако тој го прифати заклучокот на лустраторите, тој ќе мора да се повлече од функцијата, а доколку не се согласува со наодите на Комисијата, тој има право да поведе постапка пред Управниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

