Македонија
Уставен:Лустрацијата на еден судија се користи за напад врз цела институција
Уставниот суд воочува дека лустрацијата на еден уставен судија се користи за напад врз Уставниот суд како институција што ја штити уставноста и законитоста.
Уставниот суд воочува дека лустрацијата на еден уставен судија се користи за напад врз Уставниот суд како институција што ја штити уставноста и законитоста.
Ова се вели во соопштението до јавноста, упатено денеска од Уставниот суд, во кое понатаму се нагласува дека премиерот изнесувајќи оценка за кредибилитетот во работењето на Уставниот суд, излегол надвор од своите уставни надлежности.
„Искористувањето на еден случај кој е во постапка и треба дополнително да добие законски епилог, за стигматизација на колективно тело, потсетува на настани од минатото што на едно демократско општество не смее да му се повторат“, се вели во соопштението од Уставен суд.
Во однос на постапката за лустрација, од Уставен инсистираат постапката да се води единствено преку правната процедура и со почитување на човековите права и слободи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

