Македонија
Георгиевски: Кривично дело е ако му кажам на Стојменов дека е доушник
„Борис Стојменов пред два-три дена ме повика на дуел. Јас со Стојменов можам со задоволство да направам дуел за економија и за политика.
„Борис Стојменов пред два-три дена ме повика на дуел. Јас со Стојменов можам со задоволство да направам дуел за економија и за политика. Но на Стојменов не можам да му кажам ниту пред вас новинарите, ниту нему лично дека е доушник, затоа што тоа е тешко кривично дело. Исто така не може ниту документите да му ги дадам, бидејќи исто така и тоа е кривично дело. Единствен кој е одговорен и кој може да каже дека некои документи се легитимни тоа е Комисијата за лустрација“, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.
„Има една работа која за жал Комисијата се обидува да ја стави настрана. Информацијата дека во последната етапа е дискутирано и гласано за најмалку тројца луѓе, еден уставен судија и двајца пратеници, ја даде самата Комисија за лустрација. Таа не ја измислија ниту новинарите, ниту политичарите. Значи таа информација излезе и беше објавена од самата Комисија. И понатаму останувам на тоа прашање, таа да одговори за кои други двајца пратеници, покрај уставниот судија се гласало. Зошто се гласало со 7:3. Кои се тие луѓе?“, рече Георгиевски.
Според него за случајот со Стојменов не се работи за купување на пратеник, туку како што рече за договор за земање под капа од власта на уште еден медиум во Македонија .
На новинарското прашање зошто лустрацијата не била спроведена во времето кога тој беше на премиерското место, Георгиевски одговори дека од тројцата министри за внатрешни работи кои се смениле во неговата Влада добивал идентичен одговор дека досиеата се уништени.
„Секогаш сум го добивал ама буквално идентичниот одговор и од тројцата министри дека се е уништено, дека сите досиеја за доушници се или изгорени, или запалени , или некаде однесени. Значи дали тоа биле информации кои тие ги добивале од своите соработници и не сакале да се потрудат да се позанимаваат со тој проблем, јас не знам во што е причината. Значи ако министрите ви кажуваат дека нема досиеја, зошто вие ќе правите лустрација кога знаете дека ќе пукате во празно“, вели Георгиевски.
Според него потребно е да се направат измени во Законот за лустрација и тој да важи до денес и имињата на доушниците да бидат јавно објавени.
„Посебно ми е задоволство што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ позитивно ја прифати провокацијата од моја страна која беше направена во отвореното писмо до премиерот Груевски и еве сега ветуваат дека лустрацијата која требаше да биде умрен процес после ова единствено лустрирање на уставниот судија, повторно заживува, повторно ќе се зборува за неа и се надевам дека само сега ќе си стојат на зборот. Што побрзо Закон и што побрзо донесување на тој закон кој што сега го нудат“, изјави Георгиевски.
И пратеникот Стојан Андов смета дека е потребно да се направи интервенција во законот и тоа треба да биде внимателно направено, бидејќи како што рече има многу случаи кои и по 91та продолжиле да бидат оперативни и тие не се отвораат бидејќи се оперативни.
„Основно е тука да се остави Комисијата да си ја работи својата работа, да не и се вплеткуваат различни странични притисоци како што е со надгласувањето . Исто така не треба нејзината работа да се употребува за партиски цели“, вели Андов./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

