Македонија
Марн: Мора да се реши спорот, за Македонија непречено да стане дел од НАТО и ЕУ
Македонија и Грција имаат долготраен спор за името, со кој на македонската страна и е попречен патот за членство во ЕУ и НАТО. Двете влади треба да најдат решение кое што ќе овозможи вашата земја непречено да стане членка на ЕУ и НАТО, изјави денеска Матеј Марн.
Македонија и Грција имаат долготраен спор за името, со кој на македонската страна и е попречен патот за членство во ЕУ и НАТО. Двете влади треба да најдат решение кое што ќе овозможи вашата земја непречено да стане членка на ЕУ и НАТО, изјави денеска Матеј Марн, политички директор во Министерството за надворешни работи во Словенија. Тој рече дека Словенија ја брани македонската и европската иднина, особено европската перспектива, но примарно е решението за спорот кое, како што посочи, мора да го изнајдат двете влади. „Словенија и на самитот во Букурешт во 2008 година ги бранеше ставовите на Македонија да биде дел од НАТО. Но самитот во Лисабон кој ќе се одржи во ноември оваа година нема да биде за проширување, туку ќе има други приоритети. А во 2008 година знаеме кој беше условот за Македонија да се приклучи на НАТО. Кога Македонија и Грција ќе најдат решение за спорот со името, тогаш Македонија ќе биде добредојдена во НАТО“, рече Марн. Пратеникот и претседател на собраниската комисија за одбрана и безбедност Влатко Ѓорчев кој денеска се сретна со словенечкиот политички директор Марн рече дека на средбата било разговарано за соработката меѓу двете земји, како и за поддршката која Словенија и ја дава на Македонија во процесот на интеграциите во ЕУ и НАТО. „Добро што меѓу нас нема некои отворени прашања, туку разговараме само како взаемно да си помогнеме и да се поддржиме и да видиме што може да биде направено и од Македонија и од Словенија, таа соработка да биде подобра“, изјави Ѓорчев. Тој рече дека Македонија го почитува признавањето на нашата земја под уставното име од страна на Словенија „Словенија и во европските институции смета дека Македонија треба да ги отпочне преговорите и да биде членка на НАТО. Така да во тој дел апсолутно Словенија има принципиелна позиција, доколку има некое приближување на ставовите од билатералниот спор тие ќе го поздрават, но самата нивна позиција кон Македонија кажува всушност какво е нивното мислење и какви се нивните гледишта“, рече Ѓорчев. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

