Македонија
Конгресмени побараа од Обама прием на Македонија во НАТО
Вкупно 19 членови на американскиот конгрес преку писмо до претседателот Барак Обама побараа Соединетите Американски Држави да се заложат Македонија да добие покана за членство во НАТО на ноемврискиот самит на алијансата во Лисабон, информираат од Обединетата македонска дијаспора.
Вкупно 19 членови на американскиот конгрес преку писмо до претседателот Барак Обама побараа Соединетите Американски Држави да се заложат Македонија да добие покана за членство во НАТО на ноемврискиот самит на алијансата во Лисабон, информираат од Обединетата Македонска Дијаспора. Во писмото, доставено денеска, се вели дека земјава, иако не е член на НАТО, активно придонесува за мирот, демократијата и стабилноста и сигурноста во југоисточна Европа. Како дополнителен аргумент, конгресмените го наведуваат фактот дека Македонија е близок сојузник на САД и веќе подолго време се однесува како членка на НАТО. „Иднината на Македонија во Евро-Атлантските институции, како и сигурноста и стабилноста на југоисточна Европа, повеќе не сметат да бидат под негативно влијание од билатерланото прашање со Грција. Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и прашањето за името не спаѓа во критериумите за членство. Македонија треба да биде поканета да се придружи на НАТО сега, како што беше назначено во акциониот план за членство во 1999 година. Ние разбираме дека директните билатерални разговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името ќе продолжат, но веруваме дека членството во НАТО не треба да се поврзува со конечниот исход од овие разговори“, му пишуваат 19-те конгресмени на претседателот Обама. Во писмото посветеноста на земјата за членство во aлијансата се отсликува преку логистичката поддршка на КФОР, приемот на 360.000 косовски бегалци за време на кризата во 1999-та, учеството во мисиите во Ирак и во Авганистан, како и придонесот во мировните мисии во Либан и во Босна и Херцеговина. Меѓу 19-те конгресмени, на писмото се потпишани демократот Ерл Померој од Северна Дакота, како и републиканката Кендис Милер од Мичиген. На крајот од писмото што е испратено и до потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, се констатира дека во интересен на САД е да ги охрабри сојузниците во НАТО да се упати формална покана за прием на Македонија во алијансата. /крај/umd/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

