Македонија
МПЦ го повика Вселенскиот патријарх да помогне во спорот СПЦ-МПЦ
Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан очекува вселенскиот патријарх Вартоломеј да помогне во решавањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ коментирајќи
Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан очекува вселенскиот патријарх Вартоломеј да помогне во решавањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ коментирајќи ја неговата изјава дека во Македонија ќе дојде кога ќе се реши „малиот спор меѓу двете цркви МПЦ и СПЦ“.
„Очекуваме и самиот Вселенски поглавар да помогне како што доликува на Вселенски патријарх, затоа што проблемот на едно место во црквата е проблем и на целата црква“ изјави архиепископот охридски и македонски г.г Стефан.
Тој истакна дека Македонија не испратила делегација на денешното устоличување на српскиот патријарх Иринеј, што се одржа во Пеќката патријаршија.
Митрополитот на повардарската епархија .Агатангел на денешниот собир во штипско Ново село ги повика верниците да не се откажуваат од името на државата.
„На сите литургии и богослужби го повикувам македонскиот народ и сите граѓани да не се откажуваат од светото македонско име“ вели г. Агатангел, митрополит Повардарски. Ова како што појасни Агатанегел било негов личен став.
Ваква порака упати и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
„Името на Република Македонија и името на Македонската православна црква не смее да дозволиме да се менува“ рече г.г. Стефан.
Денеска во штипското село Ново Село со света литургија беше одржан Семакедонскиот црковно-народен собир, по повод празникот Собор на сите македонски светители./крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

