Македонија
Фуере: Името останува услов
Евроамбасадорот Ерван Фуере изјави дека решавањето на проблемот со името останува од суштествено значење за одредување на датум за старт на преговорите.
Евроамбасадорот Ерван Фуере изјави дека решавањето на проблемот со името останува од суштествено значење за одредување на датум за старт на преговорите. Вели дека минатогодишната препорака за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија значело и охрабрување за владата да го реши прашањето на името што е можно побрзо, што е случај и денес. „Мислам дека на владата јасно и беше дадено до знаење, на највисоко ниво во многу прилики, дека е важно ова прашање да биде разрешено еднаш засекогаш, со што преговорите и се останато ќе следи“, изјави Фуере. Евроамбасадорот повтори дека во претстојниот годишен извештај на Комисијата ќе бидат посочени областите во кои има напредок, но и слабости. Смета дека независноста на судството, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и недостатокот на средства за работата на одредени институции, остануваат слабости со кои Македонија треба да се справи во претстојниот период. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

