Контакт

Македонија

УСАИД го реновира 100-то основно училиште во Македонија

Објавено пред

Преку проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП), во Македонија се реновирани 100 основни училишта.

dobivaj vesti na viber

Преку проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП), во Македонија се реновирани 100 основни училишта.

По тој повод американскиот амбасадор Филип Рикер и министерот за образование Никола Тодоров го посетија основното училиште „Страшо Пинџур“ во општината Карбинци.

До крајот на 2011 година треба да бидат реновирани повеќе од 120 основни училишта со што ќе бидат опфатени една третина од вкупниот број во Македонија.

Амбасадорот Рикер рече дека овие проекти за реновирање на основните училишта се реализирани во соработка со локалните општини и училишните заедници.

„Безбедност и современи училишта е само еден аспект од доброто образование. Најважната работа е тоа што се случува внатре во училиштата“, рече Рикер.

Рикер додаде дека амбасадата на САД соработува со Министерството за образование и наука за да го подобри наставниот план во сите училишта и да ги обучи наставниците како да спроведат подобра настава за учениците со што тие ќе им овозможат стекнување на вештини кои ќе им помогнат во нивните кариери./крај/со/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ристо Пенов ја отвори конститутивната седница на Советот на Град Скопје

Објавено пред

Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав.

dobivaj vesti na viber

Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите, велат од партијата.

„Нашите приоритети за следниот мандат се активностите за почисто и позелено Скопје, воспоставување на паметен и одржлив сообраќај, модерен урбан развој на градот и зголемено ниво на транспарентност и соработка меѓу градот и општините“, изјави Ристо Пенов.
Ристо Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа за Град Скопје на коалицијата „Искуство за успех“. Меѓу останатите програмски заложби на Пенов се и загарантираниот буџет за велосипедски патеки и инфраструктура, субвенциите за велосипеди за граѓаните кои со нив одат на работа и повторното заживување на Градскиот Трговски Центар, посочуваат од ЛДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ го поздрави договорот: Железницата меѓу Македонија и Бугарија ќе ја зајакне регионалната безбедност

Објавено пред

Европската Унија го поздрави потпишувањето на договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 меѓу Македонија и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

На „Икс“ претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, напиша дека изградбата на железницата е потик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност.

„Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност“, стои во објавата на претседателот на Европскиот совет.

Исто така, и еврокомесарката Марта Кос го поздрави потпишувањето на договорот и објави:

„Бугарија и Северна Македонија се согласија да ја продолжат работата на Коридорот 8. Клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница. Ова е важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и комуникацијата меѓу луѓето“, напиша еврокомесарката Кос.

Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридорот 8, вчера, во Ѓуешево, го потпишаа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и заменик-претседателот на владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов.

Пругата на Коридорот 8, покрај економското значење за Македонија, за регионот и Европа, има и безбедносно значење од аспект на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Објавено пред

Од

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со најавената голема акција за чистење на Скопје, чиј почеток беше означен синоќа кај салата „Борис Трајковски“, а на која беа присутни градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на скопските општини, како и премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Ѓорѓиевски, другите градоначалници и премиерот синоќа на „Фејсбук“ објавија фотографии од камиони и друга механизација што ќе го чисти Скопје, а беа објавени и фотографии од работници со лопати, багери во „Вардариште“ и слично.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Уште вчера, од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник, ја почнавме генералката за чистење на градот. И тоа нема да биде само 72-часовна акција – тоа ќе продолжи во континуитет секој ден. И ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може. Тоа, всушност, е наша обврска, за тоа граѓаните нè плаќаат. Чистиот воздух, почитувани, многу зелени површини и решенија за отпадот се темелите на еден здрав град. Скопје мора да стане лидер во еколошките политики, со конкретни и видливи резултати“, објави скопскиот градоначалник.

Инаку, денеска се одржа првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје со новиот состав и со Ѓорѓиевски на чело. Тој рече седницата е чин, каде што се испраќа силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје.

„Во наредниот период ќе се фокусираме на неколку клучни приоритети: да обезбедиме ефикасен јавен превоз, но и да го модернизираме, кој ќе ги поврзува сите делови на градот. Ќе вложуваме во нови автобуси, подобрување на сообраќајната сигнализација и безбедноста на улиците. Нема да дозволам урбанизацијата да биде хаотична, туку планирана и во интерес на граѓаните. Тоа го покажав во Кисела Вода, а така ќе биде и во градот Скопје. Ќе се залагаме за рамнотежа меѓу развојот и заштитата на јавниот простор“, објави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека Градот ќе обезбеди поддршка за младински проекти, иновации, културни иницијативи и спорт и дека ќе обезбеди јавен пристап до сите информации, отворени податоци и отчетна администрација.

„Транспарентноста е исто така еден од врвните приоритети на кои се фокусираме. Скопје од вчера е отворен град за сите. Граѓаните мора да знаат како се користи секој денар од градскиот буџет. Ќе обезбедиме јавен пристап до сите информации, отворени податоци и отчетна администрација“, рече Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија3 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет3 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија3 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион6 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет6 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија6 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија19 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија20 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија22 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ23 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија24 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија24 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија24 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион1 ден

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија1 ден

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 ден

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...