Македонија
Земјотрес ги вознемири скопјани

Вечерва околу 10 часот и 30 минути, земјотрес ги вознемири граѓаните на Скопје и околината. Земјотресот за Макфакс го потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Вечерва околу 10 часот и 30 минути, земјотрес ги вознемири граѓаните на Скопје и околината.
Земјотресот за Макфакс го потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Оттаму велат дека потресот бил со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван во Скопје, Куманово и северниот дел на Македонија.
Епицентарот на потресот бил на околу 45 километри североисточно од Скопје и потекнува од Гњиланското епицентрално подрачје./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување на истрагата. Фактите се јасни, началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена“, вели Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.
„Самото МВР ја призна неговата вина и го потврди она што СДСМ го говореше од првиот ден, дека началникот постапувал незаконски.
Сега никој нема нема право да го заташка случајот. Не е доволно само дисциплинска постапка пред внатрешна контрола. Основното јавно обвинителство треба да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата.
Доколку тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиноски, а со тоа и на неговиот шеф Панче Тошковски.
Истрагата на ОЈО треба да се прошири и да даде одговори на прашањето дали Мартионовски постапувал по налог на Тошковски?
Сомнежите се основани затоа што според информациите објавени во медиумите, Мартиноски претходно бил суспендиран од работа, наводно поради рекет. Но, тоа не било пречка за Тошковски, веднаш по доаѓањето тој го поставува Мартиновски за началник.
Понатаму, обвинителството мора да ја повери и целата незаконска постапка спроведена против директорката на училиштето во Демир Хисар. Сите што ги прекршиле законите мора да одговараат.
СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на полицијата во партиска служба на ВМРО-ДПМНЕ.
Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување“, изјави Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.
Македонија
(Фото) Во Кисела Вода поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов

Денес, во општина Кисела Вода свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое постоеше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања.
По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива повидливо и достојно место, извести општина Кисела Вода.
-Нашите херои не се само имиња во учебниците, тие се сведоци на историјата, втемелени во нашата слобода и иднина. Со новата биста на Цветан Димов, поставена на ова видно место, и соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создававме услови многу повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна. Историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните, а нашата задача е да ја зачуваме и пренесеме на генерациите што доаѓаат-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Изминатиот викенд 1.172 сообраќајни прекршоци на територијата на целата држава, 459 за брзо возење

Во деновите од изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем, извести МВР.
„Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 459 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
Исто така, а согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР.