Македонија
Состојба на патиштата за недела

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови, се одвива тековно и без забранипо воглавно суви коловози.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови, се одвива тековно и без забранипо воглавно суви коловози.
На возачите им препорачуваме внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење по местимично влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Крајна внимателност низ клисурите и планинските превои каде на моменталните временски услови почеста е појавата на одрони и лизгања на земјиште, особено на патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар.
Внимателно и на патниот правец Куманово – Табановце каде сеуште се изведуваат работи на пат.
Според информација добиена од ЈП Македонија Пат, од 29-10-2010 кај наплатната станица ,,Петровец“ е пуштена во сообраќај новата клучка, а воедно и нов режим на сообраќај. На патниот правец Скопје-Велес исклучувањата кон село Петровец ќе се вршат после наплатната станица ,,Петровец“ додека на патниот правец Велес-Скопје вклучувањата и исклучувањата ќе се вршат пред наплатната станица ,,Петровец“. Старите вклучувања и исклучувања ќе бидат затворени.
Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.
На сите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата./крај/амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.