Македонија
Адвокатите од "Пепел" против судот и обвинителството
Адвокатите на Бајруш Сејдиу и на уште неколкумина обвинети излегоа со бројни забелешки за водењето на судската истрага за акцијата „Пепел“
Иако е покренат обвинителен акт, се пожалија дека се уште не го добиле вештачењето, биле игнорирани од судот за текот на истрагата, селективно бил укинуван притворот. Сејдиу се уште е во притвор, иако понудил гаранција од 370 илјади евра дека нема да бега. Тврдат дека не ја скршил рампата за да побегне, како што стои во обвинителниот акт, тоа го сторил неговиот возач, но потоа, на негово барање, застанал, по што бил уапсенВулнет Прешова, адвокат на Бајруш Сејдиу рече дека истрага не била ни водена бидејќи обвинетите се бранеле со молчење. Искажа дека обвинителниот акт е конципиран врз база на полициска постапка.До завршување на истрагата не сме известени од истражниот судија за ниедно истражно дејствие. Имаме впечаток дека претставуваме декор, а не во функција на бранители, вели Милорад Мартиновски, адвокат на Бајруш Сејдиу.Флора Наумовска, адвокатката на притворениот Бајруш Велију, директор на „Жито-мел“ Куманово, фирма која е дел од имотот што судот го замрзна, го посочи судот како одговорен за тоа што 194 вработени не зеле плата. Наумовска вели дека не дозволиле да влезе нотар во затворот за Велиу да назначи потписник кој ќе го заменува.Адвокатите реагираа и за полициските снимки. Велат дека ништо не докажуваат и дека се само слика без тон.За министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска доказите што ги понуди министерството се цврсти и уверливи.Од Кривичниот суд забелешките на адвокатите ги сметаат за неосновани. Претседателката Добрила Кацарска вели дека истражниот судија постапувал според законите. Обвинителството денеска остана без став. Ќе реагираат откако ќе ги слушнат забелешките на адвокатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

