Македонија
Виножито непожелни на пресот на Бакојани во Воден

Екипата на Форум и другите македонски новинари исто така чекаат да им биде дозволено да присуствуваат на пресот на Бакојани
Членовите на партијата на Македонците во Грција, Виножито во саботата доцна попладне се спречени да присуствуваат на прес-коференцијата на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани што ќе ја одржи во Воден.Секретарот на партијата Виножито, Василијадис Петрос се обиде да влезе на прес-конференцијата на Бакојани со цел да и’ го подари „Абецедарот“ од 1925 г., кој треабало да се користи во грчките училишта за Македонците кои живеат во северниот дел од Грција. Со што всушност грчката држава признала дека на најзина територија живеат Македонци. Грчката министерка Дора Бакојани, вечерва во Воден се сретнува со локалната оранизација на нејзината партија и со женски здруженија од реионот. Средбите се во функција на предизборната кампања на нејзината партија Неа демократија.Членовите на Виножито повеќе од 15 минути беа задржаувани од полицијата и на крај не им беше дозволено да влезат во салата каде што е планирано да се одржи прес-конференцијата на Бакојани.Македонски новинари од повеќе медиуми исто така се во исчекување дали ќе им биде овозможенео да присуствуват на преск-конференцијата.Инаку Воден е местото каде што престојуваше Гај Мекдугал и од каде се интервенираше за признавање на постоењето на макеоднско малцинство во Грција. По ова следеше извештајот за состојбата на малцинствата во рција на Обединетите нации, кој Атина не го признава.Во Воден живеат околу 20 илјади жители, од кои половината се Македонци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Очекуваме 150.000 гласа, по изборите Националната алијанса за интеграција ќе биде втора политичка сила во државата

Кандидатот за градоначалник на Чаир и водечки глас на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, во рамки на денешната прес-конференција најави дека албанската коалиција која ја предводи ДУИ на изборите очекува историски резултат.
„Очекуваме да добиеме некаде околу 150 илјади гласови, како НАИ, и само околу 50-60 илјади за ВРЕДИ,“ изјави Османи. Тој нагласи дека според сите проценки, НАИ ќе биде втора сила на државно ниво, додека ВРЕДИ, како што рече, „ќе биде 5-та или 6-та.“
„За мене е важно што Националната алијанса за интеграција ќе биде втора сила со најмногу гласови во државата. Оваа држава треба да биде во партнерство меѓу двете најголеми заедници, албанската и македонската, почитувајќи ги правата на сите малцинства,“ порача Османи.
Тој нагласи дека овие избори имаат клучно политичко значење и ќе ги дефинираат новите односи на сила меѓу етничките и политичките блокови во државата. Според него, најважно е граѓаните јасно да ја искажат својата волја на 19 октомври.
„Овие избори ќе покажат дека имате еден победник кај македонскиот блок и вториот ќе биде НАИ, додека ВРЕДИ ќе биде 5-та или 6-та,“ рече Османи, додавајќи дека „важно е јавното мислење да се подели на овој начин на изборите“, заклучи тој.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев, оската на злото, ДУИ-СДС нема да избега од правдата

Не ги носи никој во „мрачниот српско-руски свет“ како што сеат магла Османи и ДУИ, туку во светот на одговорноста – пред лицето на законот, за целиот криминал и предавства што ги направи криминалната клика.
Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев можат колку сакаат да зборуваат за Европа и за вредности, но токму тие се синоним за криминални тендери, модуларни болници што гореа и убиваа луѓе, уништени институции, раскопана економија и тргување со националните интереси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На Бујар Османи „рускиот свет“ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со „руски“ или „српски свет“ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека нафта пијат, токму од онаа што луѓе блиски до ДУИ и до струмичките тајкуни кланови ја носеа во РЕК Битола. Османи има синдром на напуштена љубовница, која очајно сака да се расправа, надевајќи се дека ќе го импресионира својот лидер кој внимателно одмерува дали токму тој ќе биде наследникот.
Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото „ДУИ–СДС“ се богатеше на грбот на народот. Јахти, станови и милионски бизниси беа нивната вистинска агенда, додека граѓаните едвај преживуваа во сиромаштија и инфлација“.
Затоа, додаваат од партијата на власт, панично бараат алиби и кријат зад измислени стравови. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, времето на ДУИ и СДС завршува. Ова, како што додаваат е време на правда и одговорност, време кога Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев ќе мора да одговараат пред законот, а граѓаните конечно ќе живеат во правна држава со европски вредности и чесни институции.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Разузнавачкиот систем бил ставен во функција против Мицкоски

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со цел задржување на СДС на власт, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран. СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка. Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени,“ рече тој.
Петрушевски додаде дека „сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла“ и дека „цел систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.“
Тој истакна дека недовербата на народот во судството и обвинителството е резултат на оваа злоупотреба: „Не е чудо што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните.“
Петрушевски нагласи дека за прислушкувањето и следењето мора да има одговорност и дека „овој случај не смее да помине неказнето, за никогаш повеќе да не се повтори.“