Македонија
Учителите му откажуваат љубов на СОНК
Учителите од планинските села околу Скопје денес нема да држат настава во знак на протест поради тоа што Дојчин ги изневерил нивните штрајкувачки барања
Над 250 наставници од одделенска и предметна настава од планинските села на Скопска Црна Гора, планинските села под Јакупица, Шар Планина и Китка, иако целосно ја дадоа подршката на СОНК во организација на протестот на образованието, останаа со прстот во уста, поради тоа што веќе три месеци, почнувајќи од јануари, не им се исплатени трошоци за патување до работните места, иако некои подрачни училишта од централните се оддалечени и над 50 километри. Исто така, иако според одлуките на Владата на РМ и Законот за исплата на плати, платите на вработените во образованието не се исплаќаат во законскиот рок до 15 во месецот, туку после 25 до 30 во месецот.Револтирани од односот на СОНК и Владата на Република Македонија просветните планински работници ги повикуваат своите колеги масовно да го напуштаат СОНК, да не издвојуваат средства во синдикалната каса кои сигурно веќе се злоупотребени во договор со Владата на РМ и во денеска да го прекинат наставниот процес, како би ги оствариле своите права по однос на платите и би ја дале подршката на колегите кои веќе три месеци со позајмени пари патуваат по 50 километри за редовно да ја одржуваат наставата. Исто така наставниците од селата оддалечени повеќе од 20 километри од подрачните училишта денеска нема да допатуваат до своите работни места и ќе протестираат во просториите на централните основни училишта. Воедно, во петок на 20 март ќе одржат прес-конференција на која ќе ја побараат подршката од родителите на учениците(дури и од оние кои ги осудуваа за време на штрајкот на просветарите) и ќе повикаат на бојкот на претстојните избори.
Наставнички незадоволен кадар најави бојкот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: ДПМНЕ го одби предлогот за заштита од отказ на бремените работнички
Пратениците од власта не гласаа за предлог-измените на Левица, со кои се предвидува заштита од отказ на работничките за време на бременост. Со негласањето за предлог-законот на Левица, ќе продолжи неизвесноста на бремените работнички кои се вработени на определено време – во услови кога државата се соочува со драстично намален наталитет, велат од партијата.
„Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени, особено оние вработени на определено време, се меѓу најнезаштитените работнички. Газдите масовно ја користат законската празнина со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност. Доколку беше усвоен предлогот на Левица, ќе се воведеше автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе немаше да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот“, појаснуваат од Левица.
Партијата потенцира дека ниедна жена не смее да биде казнета затоа што одлучила да стане мајка.
„Работничките кои се бремени имаат право на достоинство, здравје и сигурност. Кога бремена жена е приморана да ја крие бременоста од страв од отказ, тоа не е личен проблем – тоа е пораз на општеството. Државата има највисока обврска да ги заштити мајките, бидејќи со тоа ја штити сопствената иднина. Бидејќи не беа поддржани измените на Левица, апелираме до владејачкото мнозинство да не ја игнорира системската дискриминација со која се соочуваат бремените работнички и итно да иницираат измени кои ќе стави крај на голгототата и неизвесноста која ја преживуваат жените кои одлучиле да станат мајки“, велат од партијата.
Македонија
Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно Законот за енергетика и Статутот на Комисијата, тој ќе ја извршува функцијата сè додека не биде донесена одлука за престанок на мандатот.
Од РКЕ информираат дека институцијата ќе продолжи да ги извршува своите надлежности согласно законските обврски. Од Комисијата, вработените и членовите му се заблагодаруваат на Бислимоски за долгогодишната соработка.
Марко Бислимоски го извршуваше својот втор петгодишен мандат како претседател на РКЕ. Првиот мандат му беше од јуни 2018 до јуни 2023 година, а во јули 2023 година повторно беше избран на функцијата.
Македонија
Скопскиот и Полошкиот регион со најмногу одобренија за градење во последниот период – доминира високоградбата
Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17.4 отсто во однос на истиот период од претходната година, соошти Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17.4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51.

