Македонија
За Фрчкоски проблематични се избирачките списоци
Љубомир Фрчкоски, претседателскиот кандидат на СДСМ, смета дека дамка на изборите, кои ги оцени како мирни и слободни, може да остават избирачките списоци
Љубомир Фрчкоски на вчерашната средба со новинарите ја повтори својата оценка дека Македонија е изолирана земја, а како што рече и клучните луѓе од надвор ја дефинираат Македонија како изолирана. Според него, тоа ќе продолжи и во периодот што следува.„Дали ќе прифатиме или не, тоа е реалност и мора да се соочиме со изолираноста за да може да понудиме проект и излезна стратегија, а бевме оценувани дека шириме песимистичко сценарио и страв. Тоа е опасно, посебно затоа што власта нема решение за влез во НАТО, туку зборува за европски вредности кои се необврзни тези што може ќе продолжат уште десетина години и да не се случи ништо сериозно“, рече Фрчкоски.Втор проблем кој се заканува на Македонија, според Фрчкоски, е што владејачката партија не зборува за македонската перспектива, бидејќи нема решение за проблемите, а најмногу во спорот за името со Грција. Фрчкоски смета дека тужбата кон јужниот сосед има правна основа, но нејзиното покренување во ноември е политички гест. Според него, Македонија требало да тужи по Самитот на НАТО во Букурешт.„Соседите ни се проблем во смисла дека сме на најниско ниво на односи со нив. Бугарската теза е дека сакаат да не видат во НАТО и ЕУ, но имаат разбирање и за грчката страна. Македонија тактизира со воспоставувањето дипломатски односи со Косово. Тоа треба да биде чекор на стабилизирање на релациите, а не предмет на тактизирање или предизборни рејтинзи“, рече Фрчкоски. Претседателскиот кандидат апелираше до Владата веднаш да преземе мерки околу воспоставувањето дипломатски односи со Косово, затоа што Македонија од тоа ќе има огромна економска корист.Избирачките списоци, според Фрчкоски, се дамката на овие претседателски и локални избори. Нереалните бројки, фантомските личности со право на глас, ќе бидат забележани во извештаите на меѓународните набљудувачи.„Има лица кои се на списокот, а не се во можност да гласаат, кои се во странство или не се веќе меѓу живите, затоа наместо нив со манипулации може да гласа некој друг. Дали тоа се случува во моментов не можам да тврдам, но станува збор за 200 илјади луѓе кои само прават цензус што е проблем“, додаде Фрчкоски.На новинарско прашање, од кого очекува поддршка во вториот круг, Фрчкоски рече дека ќе се обиде да ја добие од сите кандидати кои имаат исти позиции за брзо решавање на спорот со името и влез во НАТО и ЕУ. Тој повторно спомна дека веќе остварил средби со некои од нив, но не кажа со кого точно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата
Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.
Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.
Според него, каде има чад, има и оган.
„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.
Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.
Македонија
(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски
Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.
Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.
„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.
Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.
„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.
Македонија
Левица: Радикално кратење на земјоделските субвенции, десничарската ДПМНЕ покажува дека не и требаат земјоделци
Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, велат од Левица.
Ова, како што додаваат, е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ, им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.
„Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.
И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, после веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт“.
Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме, истакнуваат од Левица, на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце.

