Македонија
Ранети во грабеж на банка! Дел од крадците убиени?
Повеќе лица се ранети во грабежот што утрово се случи во филијала на ПроКредит банка, како и од заскитани куршшуми пред зградата на Владата, дознава forum.com.mk. Во грабежот се убиени четворица крадци, а повреден е и полицаец, велат полициски извори од местото.
Новинар на екипата на Форум беше сведок на вооружениот грабежот се случил утринава околу 9 часот и 15-тина минути близу Соборниот храм, во филијалата на ПроКредит банка која се наоѓа на крстосницата на почетокот на булеварот Партизански одреди и булевар Васил Главинов.
Според сведоштвото на новинарот, во банката имало обезбедување кое реагирало веднаш на грабежот, а пред банката случјано се нашол и полицаец, по што настанала вооружена пресметка. Во банката се ранети две лица, не се знае дали се од вработените или, пак, од граѓани кои се затекле таму. Пресметката траела 10-тина минути, а десетината крадци кои биле маскирани биле вооружени со автоматски пушти. Од полициски извори дознаваме дека полициските алфи кои пристигнале на место на настанот тргнале по дел од крадците, по што повторно била отворена оружена пресметка, при што четворицата крадците биле ликвидирани. За убиените крадци се уште нема официјална потврда за оваа информација.
Инаку, куршумите кои фрчеле во банката и околу неа во центарот на градот завршија во автобус на автобуската станица пред зградата на Владата, при што најмалку е повредено едно лице. Се работи за жена која има полесни повреди, а веднаш била пренесена во болница. Во каква состојба е повредениот полицаец се уште не се знае. Радио Скопје дека е загинат. Со какви повреди се и другите двајца повредени граѓани исто така не се знае.
Засега нема официјална потврда за настанот. Forum.com.mk наскоро ќе објави ексклузивни фотографии од настанот пред банката и пред Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



