Македонија
Не се знае состојбата на ранетите од грабежот

Се уште не се знае здравствената состојба на ранетите во вооружениот грабеж што околу девет часот се случи во ПроКредит банка во центарот на Скопје.
Директорот на Ургентниот центар Реџеп Селмани заедно со повеќе доктори од болницата моментално ги прегледуваат повредените. Не даваат официјална информација за колку повредени се работи и во каква состојба се.
Според информациите на forum.com.mk, утрово во ПроКредит банка влегле десетина маскирани и вооружени лица со автоматски пушлки со цел да извршат грабеж во банката. Пред банката случајно се затекнал полицаец кој заедно со обезбедувањето се обиделе да го спречат грабежот, на што крадците одговориле со пукање. Во престрелката биле повредени најмалку две лица кои стоеле пред банката и еден полицаец. Вработените во банката не се повредени.
Од заскитан куршум погодена е и една жена во автобус кој сообраќал по улуцата Илинденска пред зградата на Владата.
Од полицајци кои излегле на увид на местото се дознава дека полициски алфи тргнале по дел крадци, по што биле пресретнати. Она што што го пренесуваат полицајците е дека повторно била отворена вооружена пресметка. Според последните неофицијални информации од полицијата крадците биле фатени, најверојатно четворица од нив се потешко ранети, а не мртви како што претходно се најавуваше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:
Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.
Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.
Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.
Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.
Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.
„Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.
Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините“, велат од СДСМ.
Македонија
ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржува онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повикува граѓаните да ја потпишат, за да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост, велат од ДОМ.
„Петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и јавно контролиран систем за управување со отпад, а не повторување на истите неуспешни и сомнителни модели од минатото.
ДОМ оценува дека загадувањето од депониите и честите пожари веќе станаа сериозен здравствен ризик. Наместо ад-хок решенија, потребна е стратегија која ќе овозможи минимално депонирање, искористување на европски фондови и долгорочна цел за „нула отпад“, по примерот на европските градови.
Заедно можеме да ја промениме иднината на Дрисла и да обезбедиме чист воздух за сите. Затоа, ве повикуваме да ја поддржите граѓанската иницијатива и да ја потпишете петицијата ОВДЕ“, соопштуваат од ДОМ.
Македонија
„Кој им наредил на АНБ и АР да го следат и прислушуваат Мицкоски“: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага од Обвинителството

„ЈО да реагира со темелна и транспарентна истрага и да го расчисти случајот. Неопходно е ЈО да почне да работи и да го расчисти скандалозниот случај со прислушкувањето на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски како и новинари и бизнисмени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните 5 години живееле во заробена држава, каде се прекршувале основните човекови права.
Пет години претседателот Мицкоски и десетици други, биле предмет на незаконски следења и прислушување од страна на безбедносните служби под контрола на СДС.
5 години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите.
АНБ и АР биле во служба на политичката мафија, додека ЈО и Љупчо Коцевски дејствувале и работеле во интерес СДС и ДУИ и прикривање на криминалот.
Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури на СДС и ДУИ.
ЈО да започне да работи во интерес на владеење на правото и правдата и враќање на довербата во институциите, во спротивно довербата на народот во правосудството од 2 проценти ќе биде нула.
Коцевски да започне да работи, бидејќи и самиот е виновен и директно одговорен за минимум довербата во правосудните органи. Одговорност мора да има.
ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР? И кој се е дел од оваа мрежа на незаконско следење?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.