Македонија
Промоција на книги за дипломатија
Денес од страна на Министерството за надворешни работи беа промовирани три книги
Дипломатија на највисоко ниво, Политиката на меѓународното право и Нова економска дипломатија се трите книги кои денес беа промовирани од страна на Министерството за надворешни работи. Министерот Антонио Милошовски истакна дека овие три наслови се првиот дел од новата стратегија на Министерството, кое преку едиција на вакви изданија ќе се обиде да придоенесе за едукација не само на студентите и професорите на факултите, туку и нашите дипломати. Станува збор за изданија чии автори се релевантни научни имиња од светски рамки, кои даваат ново светло на современата дипломатија денес во светото. Изданијата ги промовираа Др.Сашо Георгиевски од Правниот факултет во Скопје, Др. Васко Наумовски од Њујорк колеџот и Виктор Мизо, директорот на Агенцијата за странски инвестиции. Притоа, беше истакнато дека во испреплетената врска помеѓу правото и политиката, како и дипломатијата која е раководена од овие два сегменти, ваквите изданија придонесуваат подобро да бидат сфатени овие релации и кои секако ќе помогнат особено на младите држави, каква што е Македонија. Министерот Милошовски најави уште десетина книги од оваа област кои набрзо ќе бидат промовирани во македонската јавност. По завршувањето на промоцијата Милошовски одговори и на прашањата врзани за проблемот со Грција и начинот на кој ќе бидат продолжени преговорите, при што истакна дека до 1980 година во соседна Грција не постоеше ниту една територија по име Македонија, за разлика од денес, и дека е недозволиво мешањето во внатрешните работи на државата од старна на било која друга држава, во случајов-Грција. Преговорите ќе продолжат, а ќе се одвиваат во насока на задржување на виталните интерси на Македонија. Во врска со препораките да не се патува во Грција, Елена Димчевска од Одделението за односи со јавност при МНР, изјави: „Судејќи според вчерашната изјава на портпаролот на српското МНР, кој очигледно не го видел обраќањето на грчкиот премиер Караманлис, пред грчкиот Парламент пред осум дена, каде што драматично најави дека безбедносната ситуација во Грција е драматично влошена, зголемени се безбедносните мерки, поради делувањето на екстремистичките групи и зголеменото насилство во Грција. Оттука произлегоа две дилеми, од кои едната е дали Република Македонија е таа што шири дезинформации за состојбите во Грција, или пак тие дезинформации ги дава премиерот Караманлис, и дали македонското МНР ги дезинформираше граѓаните кога исти такви пртедупредувања пред неколку дена упатија и властите на САД, Велика Британија, Австралија и други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла и намалена видливост од Тетово до село Гајре
Поради појава на магла, се бележи намалена видливост од 40 метри од Тетово до с. Гајре.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова осебено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат т.н. економски работници
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени економски работници, изјави Симона Цветановски од СДСМ.
Таа вели дека според договорот што го објавиле британските медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување и дека мора да им се плаќа, без разлика дали има или нема работа.
„Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите. Не, тоа не се мигранти, ова се ‘економски работници’. Токму затоа и го сменија Законот за странците. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има ‘стратешки парнер’ секако“, рече Цветановски.
Македонија
(Видео) Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од надзорниот одбор
ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.
Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.
Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб“.
Петрушевски прашува каде завршиле овие 2 милиони евра, дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот?
Јавноста, додава тој, заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции.
„ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има“.

