Македонија
Протест пред Уставниот суд за враќање на веронауката
Вероучителите кои останаа без работа по Одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование, денеска во 13 часот ќе протестираат пред зградата на судот. Тие ќе бидат поддржани и од асоцијацијата „Млади за здрави животни стилови“.
Организаторите на собирот ги повикуваат сите граѓани да излезат на протест со цел да го одбранат правото на изучување на веронауката што беше воведен за првпат оваа учебна година како изборен предмет. Родителите на петтоодделенците можеа да избираат меѓу двата предмета – Вероучение и Историја на религии.
Откако Министерството за образование ја организираше наставата по овие предмети повеќе од половина учебна година, минатата недела Уставниот суд го укина членот 26 од Законот за основно образование, со образложение дека е спротивен на уставниот принцип за секуларност на државата. Со тоа веронауката повеќе не може да биде предавана во училиштата.
„Самиот збор веронаука кажува дека тоа е наука за верата. Сите луѓе на овој свет веруваат во нешто, некој верува во хуманизам и општествени вредности и слично, но најмногу од се луѓето веруваат во Бога“, изјави вчера магистер Илија Орачки, наставник по веронаука во неколку скопски училишта.Иако собирот ќе се одржи пред Уставниот суд, вероучителите и граѓанската асоцијација не ја коментираат одлуката на Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

