Македонија
Владата воведува теократски систем на владеење?
Со отворениот и груб притисок врз Уставниот суд, Владата врши агресивна идеологизација на македонскиот општествен систем и нарушување на уставно загарантираната позиција на секуларност на државата, реагира Транспарентност Македонија
Со непочитување на одлуките на Уставниот суд, особено со последната одлука за укинување на веронауката од основните училишта, Владата воведува теократски систем, смата Транспарентност Македонија.“Ваквите закани доаѓаат како продолжение на обидите во Република Македонија да се воведе теократски систем на владеење, преку трошење на пари од буџетот на државата за православни верски манифестации и објекти, со ширењето на верска пропаганда преку јавниот информативен сервис, со толерирање на сомнителните зделки на високи црковни функционери, со нагласената симбиоза меѓу активностите на водечките православни и државни функционери, и со организирањето насилни групи за гушење на граѓанските слободи и права“, се вели во соопштението од Транспарентност Македонија. Постапката на Владата е е во спротивност со уставното демократско уредување на државата, нејзиниот мултиетнички и мултикултурен карактер и потребата од транспарентно и отчетно владеење, смета организацијата.“Транспарентност Македонија потсетува дека верата и нејзиното практикување спаѓа во сферата на приватноста на граѓаните, што е загарантирано со закон, и дека обидите за грубо политичко инструментализирање на Македонската православнацрква и манипулацијата со верските чувства на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ создава услови за длабоки последици врз севкупното функционирање на Републиката. Уставниот суд на РМ, чиишто одлуки се неприкосновени и извршни, не може да се смета за виновен што сегашната власт во Македонија донесе десетици произволни и правно неодржливи закони, некои од нив во директна спротивност со уставното уредување на државата“, се вели во соопштението.Изборните политички победи, не и даваат за право на ВМРО-ДПМНЕ да се постави во улога на судска, политичка, полициска, етичка и верска инквизиција во македонската демократија, сметаат од организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

