Македонија
Модерни детски игралишта во Аеродром

Осумнаесет нови, модерни, детски игралишта ќе бидат изградени на територијата на општина Аеродром, а родителите, на интернет ќе можат да следат што се случува на игралиштата
„Новите детски игралишта имаат гумена подлога за да не се повредат дечињата. Ова е прв ваков проект во Република Македонија, какви што има во поразвиените градови во Европа и преку кој, освен за забавата за децата, се мисли и на нивната безбедност. Освен гумената подлога околу игралиштето ќе бидат поставени и по две камери, преку кои родителите ќе можат да следат што се случува на теренот на интернет“, рече Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром на прес-конференцијатаЗа линкот на кој ќе може да се следи состојбата на игралиштата граѓаните навреме ќе бидат известени.Игралиштата, според планот, ќе содржат модерни реквизити изработени од еколошки материјали, како што се нишалки, вртелешки, лизгалки, клацкалки и слично. Детските игралишта ќе можат да се користат и ноќе, а осветлувањето се врши со фотоќелии заради рационално користење на енергијата. Теренот околу игралиштата ќе биде опремен и со клупи, канти, пешачки патеки.Старите детски игралишта, наскоро ќе бидат санирани, а амортизираните реквизити на педесетина игралишта ќе бидат заменети.„Многу сум радосен што тука има вакво убаво игралиште, зашто живеам блиску и можам да си играм“, изјави Марко, едно од дечињата што се затекнаа на детското игралиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.